• Latest

24 ЧАСА: Мицкоски гаи надеж дека Орбан ќе ни помогне на патот кон ЕУ; Хаос во српското Собрание – тепачки и димни бомби; Трамп ја суспендира воената помош за Украина

March 4, 2025

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Мицкоски гаи надеж дека Орбан ќе ни помогне на патот кон ЕУ; Хаос во српското Собрание – тепачки и димни бомби; Трамп ја суспендира воената помош за Украина

March 4, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонија со поддршка за Украина и мирот, огромен интерес за унгарскиот кредит

Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна, била, е и ќе остане наша стратешка цел, но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која беше пред 20 години, е навистина бесценета, односно цената е толку голема, што не може да се утврди, бидејќи пред се зборуваме за процесот на билатерализација на преговори, а не за европеизација на преговорите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Будимпешта, Мицкоски изрази надеж дека овој процес конечно ќе биде откочен за земјава, со голема поддршка од Унгарија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Силјановска Давкова: Не е лошо човек понекогаш да се извини, треба да се мерат зборовите во Собранието, од СДСМ велат дека Силјановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

„Сум рекла многупати дека во Собранието треба да се мерат зборовите. Особено мажите треба да ги мерат зборовите. Ние жените треба да внимаваме кога е во прашање друга жена. Не е лошо човек да се извини. Намерата не била лоша намера, мислам дека ќе не доведе до надменување на ваквите проблеми“, рече Сиљановска-Давкова на новинарско прашање, при учеството на националната конференција „Заедно сме посилни“.

РЕГИОН

Хаос во српското Собрание: Тепачки, димни бомби, опозицијата свири, Брнабиќ полеана со вода, пратеничка доживеала мозочен удар

Во српското Собрание владее тотален хаос. Опозиционерите запалија факели во собраниската сала. Летаат и шишињата, пренесуваат повеќе српски медиуми.

pic.twitter.com/SHzHaAs9u0

— MMMarija (@Marija64729972) March 4, 2025

СВЕТ

Трамп ја суспендира воената помош за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди суспензија на сета воена помош за Украина, изјави за Блумберг на 3 март висок функционер на Министерството за одбрана, што го ескалира притисокот врз претседателот Володимир Зеленски само неколку дена откако жестоката размена во Овалната соба фрли сомнеж за американската поддршка за Кијив. Според официјалниот претставник, целата американска воена помош за Украина е во мирување додека Трамп не утврди дека украинските лидери вложуваат вистински напори за мир, пренесува Кијив индипендент.

АЛ-ПРЕС

Курти инсистира Обвинителството да оди во неговата канцеларија за сведочење: Се борат со Владата, наместо со корупцијата

Косовскиот премиер Албин Курти и денеска изјави дека е подготвен да сведочи за Специјалното обвинителство, но тоа мора да го направи во неговиот кабинет, а не во Обвинителството, јавуваат косовските медиуми, пренесе ЦИВИЛ Медиа.

„Прво, никогаш не сум рекол дека нема да сведочам или одбивам да сведочам, иако реков дека не само што сум подготвен, туку и заинтересиран да сведочам. Од друга страна, го напишав и писмото со распоредите кога може да се даде исказот“, рече Курти.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за барањето на ССМ за 500 евра минимална плата

Меѓународна Конференција на ЦИВИЛ: „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“

По три години отпор на Украина против руската агресија, глобалната борба за демократија, правда, и вистина – никогаш не била поважна и поитна.

Конференцијата е во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог и Младите за медиумите (Германија), Нов европски граѓански форум (меѓународна организација), кои се организации основачи на глобалната иницијатива #DefendingDemocracy.

Еминентни меѓународни експерти, креатори на политики, новинари и претставници на граѓанското општество учествуваа на онлајн конференција на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ