• Latest

Бојстер: Украина е само еден дел од руската агресија што е насочена кон цела Европа, кон целиот Запад

March 10, 2025

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Бојстер: Украина е само еден дел од руската агресија што е насочена кон цела Европа, кон целиот Запад

March 10, 2025 12:46
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Не се работи само за големата слика за нас кои добиваме информации од фронтот за тоа што се случува во Украина, луѓето кои живеат во Украина треба да имаат валидни информации за секојдневниот живот, што се случува, и ова е исто толку клучно како храна, како електрична енергија, информацијата е исто толку важна“, изјави Мика Бојстер, претседателот на Германскиот сојуз на новинари, на третиот панел од меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“, насловен „Дезинформациите како оружје: Спротивставување на дезинформациите и хибридното војување“.

„Видовме без преседан количество на лажни вести, дезинформации и пропаганда од Русија која влијаела или претставува закана да влијаат на изборите во Германија и ова е јавно знаење, што не само што германските безбедносни сили предупредија месеци пред изборите, туку и новинарите го открија во добри истражувања и тоа е широко публикувано, токму кои групи се во прашање, со силни врски со групите на руската воена разузнавачка служба.

Можете да ги именувате групите кои се обидуваат да влијаат на изборите со помош на длабоки фалсификати, вештачка интелигенција – најдобра пракса од кампањата во САД на претседателските избори, всушност тоа беше операција за копирање и вметнување на се што тие го направиле во кампањата на Трамп, истото го направија и во Германија и да се претпостави – успеа на многу нивоа.

Големата слика е дека оваа кампања за дезинформации беше успешна затоа што беше толку многу, таа беше преоптоварувачка и ние новинарите, чијашто работа е да ги идентификуваме дезинформациите и да ја едуцираме јавноста, едноставно бевме преоптоварени од самата маса на обиди да не направат нас несигурни за тоа што е факт, а што е фикција и ова ја прави работата на новинарите многу потешка, и губиме поглед на големата слика.

Мислам дека ние како новинари треба да се фокусираме повеќе на темите кои се релевантни за мнозинството во општеството, да ја поставиме агендата назад на тие теми, се разбира дека треба да зборуваме за миграцијата и како да ја управуваме, тоа е многу важна тема, но не е единствената тема и не е единствената која треба да се адресира. Треба да зборуваме за климатската криза и како тоа ќе не погоди сите нас и се разбира како е поврзано со миграцијата, и еден последен аспект е што многу зборувавме за безбедноста пред агресијата на Русија кон Европа и не само кон Украина. Мислам дека сите се согласуваме дека Украина е само еден дел од руската агресија која е насочена кон цела Европа, кон целиот Запад. Можеме да го ставиме Западот како шаблон тука за сите општества кои се демократски, слободни и сакаат да одлучуваат за својата судбина во свои услови.

Затоа треба да зборуваме за целосна безбедност. Треба, се разбира, да се адресираат воените аспекти, ова е посебна тема, но треба да се адресира дека отпорното општество не е она што само знае како да се брани воено, туку исто така има и дигитална сувереност. Треба да ја повратиме нашата сувереност над информациската инфраструктура.

Затоа треба да имаме платформа, дигитална платформа, европска социјална мрежа која ќе биде според нашите услови, така што ќе бидеме независни од социјалните мрежи во Силиконската долина или во Пекинг. Треба да имаме построги закони во Европската Унија кои ќе се спроведуваат против секого кој се обидува да нè принуди под наши услови. Затоа ни треба дигитална сувереност во Европа.

Ова е единствениот начин да ја обезбедиме инфраструктурата, да ја пренесеме нашата информација, така што, вие како платформа, како и сите други кои имаат медиумски платформи во Европа, ќе имаат свои средства за да ја пренесат таа информација независно од било која национална влада.

Бранувањето на Украина со топови и војници е исто толку важно како и да ја браниме Европа на информацискиот фронт. Треба да имаме наша инфраструктура и да ги спроведеме нашите закони за да ги одбраниме нашите вредности“; изјави Бојстер.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ