• Latest

Трагедија во Кочани – длабока тага, сочувство и солидарност, и тешки прашања

March 16, 2025
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Трагедија во Кочани – длабока тага, сочувство и солидарност, и тешки прашања

March 16, 2025 11:22
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Сакам лично и во името на ЦИВИЛ да им изразам длабоко сочувство на родителите и блиските на настраданите во Кочани.

Шокиран сум од ужасната несреќа што му се случи на Кочани минатата ноќ. Ова е неопислива, ужасна трагедија за семејствата и блиските на настраданите, меѓу кои има и деца.

Ова е ужасна трагедија и за сите нас. Со жртвите и семејствата сочувствува целата земја завиена во црно, целиот регион и многу пошироко.

Ова се тешки мигови кога секој човек е длабоко погоден од оваа ужасна несреќа. Длабоко сум трогнат и од луѓето кои ја изразуваат својата тага и солидарност на социјалните мрежи.

Трагичната загуба и на еден човечки живот е премногу, а камоли повеќе од 50, во само една ноќ, на место предвидено за забава. А меѓу нив имало и деца!

Знам дека набрзо ќе пристигнат и тешките прашања за одговорноста, иако тоа нема да ја намали болката за трагичната загуба на животите минатата ноќ.

Ова е ужасен, црн, трагичен потсетник за сите родители, чии деца секојдневно се изложуваат на ризици поради отсуството на грижа за безбедноста и превенцијата.

Милионски се профитите на газдите на клубовите и дискотеките. Кога би вложиле дел од својот мрсен профит во безбедност и превенција – трагедијата во Кочани немаше да се случи. Милионски се буџетите и на институциите чија задача е да се грижат за безбедноста на луѓето. Да инвестираа повеќе во безбедноста, а помалку во партиски вработувања и пи-ар, оваа трагедија немаше да се случи.

Неприфатливо е министерот за внатрешни работи да одбива да одговори на прашањата, да бара да биде оставен да работи. Тој не се занимава директно со ситуацијата на теренот, не е обврзан физички да трага по фактите, ниту е директно во командната структура на полицијата – не е ни обучен за тоа. Тој е лицето повикано да ѝ одговори на јавноста, да одговори на сите прашања, колку и да се наивни.

Кој дозволил во објектот да влезат деца? Кој ја издал лиценцата за тој објект? Дали некој се занимава со стандардите на овие објекти и дали тие стандарди се почитувале во дискотеката?

Сигурно е дека треба да се соочат со правдата сите што непосредно се одговорни за оваа трагедија. Но мора да одговараат, законски и политички, сите што се повикани да ги спроведуваат стандардите и законите, да воспостават систем за превенција и безбедност за луѓето.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ