Годинава по втор пат ќе се одржи гала-вечер на раскажување женски приказни. Настанот ПичПрич што ќе се одржи денес во киното „Фросина“, во МКЦ во 21 часот, е дел од настаните по повод Меѓународниот ден на жената, како и најава за „Прво, па женско“ – фестивалот за феминистичка култура и акција, поддржан од ЕУ.
Годинава, темата е „Љубовници“, а раскажувач(к)и ќе бидат: Беса Арифи, универзитетска професорка и колумнистка, Светлана Камџијаш, професорка по филозофија, Билјана Гинова, феминистка и активистка за човекови права, Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи и професорка по француска книжевност, Петар Андоновски, писател и Катерина Коцевска, актерка и авторка. Модераторки на настанот се Ана Василева и Румена Бужаровска.
„ПичПрич“ се реализира целосно на волонтерска основа од креативниот тим и учесничките.
Минатогодишниот настан, чија тема беше „Првиот пат кога…“, предизвика голем интерес во јавноста. Приказните кои беа раскажани погледнете ги во следното видео: