Извршниот директор на фудбалскиот клуб Вардар, Миленко Неделковски, посакува смрт на најмилите на тие што протестираат барајќи правда за загинатите и повредените во пожарот во Кочани.
„Да даде Господ на смртта на најмилите на денешниве што протестираа, некои други да злоупотребат и да протестираат. За да видат како е“, пишува меѓу другото Неделковски на својот Фејсбук профил на 24 март 2025, по масовниот протест во Скопје.
Неделковски, во неколку статуси шири дезинформации и го клевети претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, но во последниот статус каде што го спомнува Дерала, се надминал себеси. Лагите на Миленко, верувале или не, одат до таму дека „долга била раката на Џабир“ дека ја контролира навивачката група Комити за пред избори да скандираат против владата, премиерот и ВМРО. Ваква глупост не може да смисли ниту една пропагандна машинерија, или пак може… Ова е навреда за неговите следбеници кои можеби смета дека имаат многу низок капацитет на мозокот и може да им протне секаква лага.
„СДС како партија, Сорос и октоподот околу Џабир Дерала преку Борјан Ефтимов ја основале оваа НВО (“Здружение за промоција на спортски активности 35 ГОДИНИ ВАРДАРЦИ”, која лажно се претставува како Комити) за да му наштетат на ФК Вардар и Македонија, а со тоа и да ги посрамотат сите чесни навивачи и навивачки групи, вклучително и Комитите. Сега е јасна целта на вулгарните навивања на Арената Тодор Проевски против фудбалерите, стручниот штаб и управата на клубот. Тоа било само СДС-партиска увертира за кога ќе дојде време на избори да се скандира против државата, Премиерот и ВМРО. Тие од здружението не се навивачи, не се патриоти, не се комити – тие се одработувачи на гнасната агенда против државата и актуелната Влада“, пишува Неделковски.
Инаку, како појаснување Комитите бараат разрешување на Неделковски поради лошите резултати.
Цивил дезинфо мониторинг тимот следи говор на омраза, дезинформации, лажни вести во медиумите и социјалните мрежи.
Неделковски, во својство на шоумен во изминатите години ширеше говор на омраза и дезинформации, меѓутоа сега е извршен директор на најтрофејниот фудбалски клуб во Северна Македонија и неговите постапки имаат влијание во полето на спортот. Прашањето е дали и сопственикот на клубот Турчинот Атила Бијен Јалили (бизнисмен од Унгарија) се согласува со ставовите на неговиот директор Неделковски за посакување на смрт на најблиските што бараат правда од Владата и премиерот Мицкоски за трагедијата во Кочани?
ЦДМТ