• Latest
Претседателка на РСМ, Гордана Силјановска Давкова (фото извор: pretsedatel.mk)

Претседателскиот кабинет побара корекција во насловот на ЦИВИЛ МЕДИА за одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово: Одговор е испратен, не е избегнат

April 10, 2025
Кога е допрена УЧК, сите се креваме! - Косово, 16 септември 2026

Момент на вистината: Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години

September 16, 2026
Хаг, Холандија, наутро, 16 септември 2026

Хаг ја изрекува пресудата за лидерите на ОВК: Косово во напнато исчекување

September 16, 2026

Кога граѓанинот стана непријател на демократијата?

September 16, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Демократија или право на самоволие?

September 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонски поглед кон телевизијата, интернетот и демократијата

September 16, 2026
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Претседателскиот кабинет побара корекција во насловот на ЦИВИЛ МЕДИА за одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово: Одговор е испратен, не е избегнат

April 10, 2025 21:15
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Претседателка на РСМ, Гордана Силјановска Давкова (фото извор: pretsedatel.mk)

Претседателка на РСМ, Гордана Силјановска Давкова (фото извор: pretsedatel.mk)

Share on FacebookShare on Twitter

– Во однос на објавениот текст со наслов „Претседателката Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“, Кабинетот на Претседателот ве замолува да го коригирате насловот на текстот, согласно правото на исправка. Одговор на Вашето прашање е испратен и не е избегнат одговор, како што наведувате во насловот, пишува во експресната реакција веднаш по објавување на текстот.

Точно е дека пристигна одговор на прашањето – Зошто Република Северна Македонија не е дел од оваа регионална иницијатива за одбранбена соработка во рамките на НАТО?

Исто така, точно е и дека дописот е објавен во целост. Но, како што стои и во текстот, во дописот што пристигна од претседателката Силјановска Давкова изостанува одговор на прашањето што беше поставено. Има низа други податоци. На пример, за учеството на државата во иницијативи што постојат повеќе од две децении. Но конкретен одговор на прашањето нема, што упатува на заклучокот дека се избегнува.

За волја на вистината, треба да се одбележи тоа што Претседателката е единствената која, во рекорден рок, реши да испрати (барем некаков) одговор на ова важно прашање од областа на одбраната. Истото прашање беше упатено и до премиерот Мицкоски, министерот за одбрана, Мисајловски, и министерот за надворешни работи, Муцунски. Тие не одговорија на прашањето до објавувањето и на овој текст (10 април, 21:15 часот).

Во духот на добрите намери, разбирањето, но и очекувањето дека ќе добиеме конкретен одговор на конкретно прашање, на барањето за корекција на насловот, ние одговоривме дека ќе го објавиме барањето. Притоа, во нашата повторена молба за конкретен одговор, забележавме дека ни се познати другите иницијативи за кои се зборува во дописот, вклучително и RACVIAC во која и потписникот на овој прилог беше на обука во периодот на акцијата за собирање на нелегалното оружје во 2003 година, што е долго пред нашата земја да стане членка на НАТО. Тоа навистина сведочи за континуитет на определбите на нашата земја во контекст на одбраната, регионалната соработка и членството во НАТО. Но нам ни е потребен одговор за најновиот развој на настаните и регионалната соработка во овој период.

Затоа, до претседателката испративме уште една молба да ни одговори на прашањето зошто Република Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива на Хрватска, Албанија и Косово за одбранбена соработка во рамките на НАТО.

Тоа прашање, меѓу другото, ги подразбира и прашањата дали имало покана, односно дали нашата земја изразила интерес и готовност за учество во конкретната иницијатива на Хрватска, Албанија и Косово за регионална соработка во областа на одбраната. Го додадовме и прашањето дали нашата претседателка и врховна командантка е во комуникација со другите земји од регионот во рамките на формирањето на мрежи на соработка во одбраната.

Џабир Дерала


(ДОПОЛНЕТО – КОРЕКЦИЈА) Претседателката Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово

Ненамерен пропуст или геополитичка калкулација: Зошто Северна Македонија ја нема во регионалната НАТО иницијатива со Хрватска, Албанија и Косово?

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ