• Latest

Ненамерен пропуст или геополитичка калкулација: Зошто Северна Македонија ја нема во регионалната НАТО иницијатива со Хрватска, Албанија и Косово?

April 9, 2025
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Ненамерен пропуст или геополитичка калкулација: Зошто Северна Македонија ја нема во регионалната НАТО иницијатива со Хрватска, Албанија и Косово?

April 9, 2025 14:28
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Хрватска, Албанија и Косово потпишаа заедничка декларација за соработка во одбраната на 18 март во Тирана. Се работи за документ според кој земјите потписнички се договараат за „зајакнување на одбранбената и безбедносната индустрија, зголемување на воената интероперабилност преку заеднички обуки и вежби, спротивставување на хибридните закани и зајакнување на стратешката безбедност и поддршка на евроатлантската интеграција“. Притоа, беше нагласено дека оваа одбранбена иницијатива во рамките на НАТО „е отворена за други земји“.

Декларацијата што ја потпишаа овие три земји од регионот предизвика крајно нервозна реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во ова гледа провокација и „отворена трка во вооружување“. Се пожали дека со тоа се крши Субрегионалниот договор од 1996 година (член 4 од Дејтонскиот договор) за контрола на вооружувањето. Понатаму, тој се бунтува што Белград не е консултиран за формирање на „воен сојуз“.

Логиката – ако воопшто постои – во реакцијата на српскиот автократ е препознатлива. Неговата реторика е идентична на онаа што со децении ја слушаме од Кремљ. Земја што континуирано се вооружува и самата е производител на оружје и муниција што се продава насекаде низ светот, се претставува себеси како жртва. Исто како Москва, Белград манипулира со фактите, ја замаглува реалноста и гради наратив со кој го прикрива сопствениот хегемонизам и агресивната политика. Класична руска пропагандистичка матрица.

Но, оваа димензија на приказната е само дел од поширокиот контекст. Клучното прашање за нас е:

Зошто Северна Македонија не е дел од оваа иницијатива?

Му го поставив ова прашање на проф. Оливер Андонов кој во краткиот, но концизен 6-минутен разговор објасни дека станува збор за важна регионална иницијатива која несомнено се однесува на стабилноста и безбедноста во регионот. Без колебање, Андонов рече дека Северна Македонија треба да биде дел од оваа иницијатива. Но, исто така нагласи дека на прашањето зошто тоа не е случај, треба да одговорат „авторитетите во политиката и одбраната“.

Токму затоа, ова прашање го адресирам директно до Претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили, Нејзината Екселенција Гордана Силјановска Давкова, Претседателот на Владата, г. Христијан Мицкоски, Министерот за одбрана, г. Владо Мисајловски, и Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски.

Јавноста има право да знае. Во време на сериозни геополитички турбуленции и безбедносни ризици, ова прашање добива уште поголема тежина. Ако сме сведоци на тивко повлекување од евроинтегративниот пат – исто така алармантен процес за кој нема објаснување од политичката елита – тогаш барем треба да се обезбеди стабилноста на она што веќе сме го постигнале: членството во НАТО.

Ако институциите и лидерите немаат или не сакаат да понудат одговор, тогаш неизбежно се поставуваат уште потешки прашања:

  • Постојат ли „црвени линии“ на релации што јавноста не ги знае?
  • Дали едниот крај на тие линии е во Белград, или тоа е само релејна станица за Москва?

Ако властите и политичките лидери изберат да молчат пред домашната јавност, неизбежно ќе дојде моментот кога ќе мораат да одговорат – пред НАТО.

И тоа нема да биде лесен одговор.


Текстот е личен став на Авторот.

Видео и транскрипција од разговорот со проф. д-р Оливер Андонов:

Проф. Андонов: Северна Македонија и регионалните сојузи во НАТО – дали нашите авторитети во политиката и одбраната ќе го препознаат моментот?

Tags: НАТОодбранаРегионална иницијатива
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ