• Latest
Претседателка на РСМ, Гордана Силјановска Давкова (фото извор: pretsedatel.mk)

(ДОПОЛНЕТО – КОРЕКЦИЈА) Претседателката Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово

April 10, 2025
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

(ДОПОЛНЕТО – КОРЕКЦИЈА) Претседателката Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово

April 10, 2025 14:47
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Претседателка на РСМ, Гордана Силјановска Давкова (фото извор: pretsedatel.mk)

Претседателка на РСМ, Гордана Силјановска Давкова (фото извор: pretsedatel.mk)

Share on FacebookShare on Twitter

Декларацијата за соработка во областа на одбраната меѓу Албанија, Хрватска и Косово е потпишана на 18 март 2025 година во Тирана. Според јавно достапните информации, документот предвидува зајакнување на одбранбената и безбедносната индустрија, зголемување на воената интероперабилност преку заеднички обуки и вежби, спротивставување на хибридните закани, како и унапредување на стратешката безбедност и поддршка на евроатлантската интеграција.

Иницијативата е претставена како отворена за други земји-членки на НАТО во регионот, што уште повеќе го отвора прашањето за улогата на нашата држава во ваквите процеси. Затоа, го поставивме прашањето:

Зошто Република Северна Македонија не е дел од оваа регионална иницијатива за одбранбена соработка во рамките на НАТО?

Прашањето го испративме до претседателката Силјановска-Давкова, премиерот Мицкоски, министерот за одбрана, Мисајловски, и министерот за надворешни работи, Муцунски.

Претседателката го избегна одговорот. Според одговорот што беше испратен до ЦивилМедиа, “нашата држава има активен придонес во безбедноста на регионот“.

„Македонската надворешна безбедносна политика е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Како членка на НАТО нашата држава има активен придонес во безбедноста на регионот. Истовремено, е активна и во Источното крило на Алијансата, преку учество на македонската Армија во мисии во регионот и во поголем број регионални безбедносни иницијативи, како и развиена билатерална безбедносна соработка со секоја од земјите од регионот“, се вели во одговорот за ЦивилМедиа од кабинетот на претседателката.

Во продолжение на одговорот, се наведуваат низа иницијативи од областа на одбраната со кои нашата земја учествува како членка на НАТО.

„Примери се учеството во мисиите на ЕУФОР- АЛТЕА, каде партиципираме заедно со други земји сојузнички на Косово и во Босна и Херцеговина, а заедно со земјите од регионот меѓу кои и со Албанија и Хрватска  дел сме и од поголем број регионални безбедносни иницијативи како Процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (SEDM), САД-Јадранската повелба (А5), Форумот на началници на Генералштаб (Б9), Балканските медицински наменски сили, и RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка“, се вели во одговорот на прашањето од ЦивилМедиа до претседателката Силјановска Давкова, која воедно е и врховна командантка на вооружените сили.

Сепак, конкретното прашање остана неодговорено. Тоа не се однесуваше на тоа каде сè учествува Северна Македонија како земја членка на НАТО, туку зошто не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка.

До моментот на објавување на овој текст (10 април, 14:45 часот), без одговор останаа премиерот Мицкоски, министерот за одбрана, Мисајловски, и министерот за надворешни работи, Муцунски.

Џабир Дерала


Веднаш по објавата на овој текст пристигна допис од претседателскиот кабинет.

– Во однос на објавениот текст со наслов Претседателката Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“, Кабинетот на Претседателот ве замолува да го корегирате насловот на текстот, согласно правото на исправка. Одговор на Вашето прашање е испратен и не е избегнат одговор, како што наведувате во насловот, пишува во експресната реакција веднаш по објавување на текстот. 

Нашиот одговор е во текстот под наслов „Кабинетот на Претседателот побара исправка на насловот на текстот со прашањето зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово: Одговор е испратен, не е избегнат!“


Поврзани содржини: 

Ненамерен пропуст или геополитичка калкулација: Зошто Северна Македонија ја нема во регионалната НАТО иницијатива со Хрватска, Албанија и Косово?

Претседателскиот кабинет побара корекција во насловот на ЦИВИЛ МЕДИА за одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово: Одговор е испратен, не е избегнат

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ