• Latest

СДСМ и ДУИ реагираат дека истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

April 14, 2025
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

СДСМ и ДУИ реагираат дека истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

„Наместо вистинска правда за трагедијата во Кочани, пред јавноста се демонстрира трговија со влијание – еден вид трансакциска заштита меѓу главниот виновник, министерот Тошковски, и обвинител кој се наоѓа под политички притисок, со функција што зависи од волјата на премиерот“, велат од ДУИ.

April 14, 2025 10:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса, реагираат денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), а во врска со трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Според СДСМ, и по проширувањето на истрагата јасно, како што велат, дека не се бара никаква одговорност од оние што кобната ноќ беа на функција во МВР, но и други институции кои морале и имале должност да го превенираат настанот.

„Вечерта на трагедијата, постоеле дежурни началници во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ. Тие имале директна надлежност. Имало полицајци на лице место – виделе сè: малолетници, пиротехника, хаос и премолчеле, не презеле ништо иако знаеле и за настанот и за тоа што се случувало таму. Трагедија е што денес никој од нив не е ни осомничен за настанот. Ова е селективна правда на ВМРО-ДПМНЕ во која Тошковски ги штити своите и оние кои тој ги поставил на функциите“,  велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат оти дозволата за пиротехника, што е директна причина за пожарот, паѓа под МВР и сметаат дека пропустите на системот и превенцијата се целосно кај министерството и актуелното раководство од кое нема ниту еден осомничен.

Од СДСМ прашуваат зошто никој од актуелните полициски раководители не е предмет на истрага и зошто се гонат функционери кои тогаш воопшто не биле надлежни, а не оние што таа вечер требало да спасуваат животи.

„Ова е класичен случај на политичко прикривање. Тошковски си ги штити своите. А јавноста гледа како трагедијата се претвора во уште поголема неправда“, додаваат од СДСМ и велат дека нема да дозволат оваа лага да стане вистина.

„СДСМ нема да дозволи оваа лага да стане вистина. Ќе се бориме за целосна и неселективна одговорност. Без разлика на функцијата, без разлика на партиската книшка. Правда за Кочани значи одговорност за сите – особено за оние кои имале можност да спречат, а не мрднале со прст“, додаваат од СДСМ.

Реакција за истрагата за Кочани стигна и од Демократската унија за интеграција (ДУИ) од каде обвинија дека истрагата за трагедијата е селективна, еднострана и таргетирана кон албанскиот народ.

„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава. Наместо вистинска правда за трагедијата во Кочани, пред јавноста се демонстрира трговија со влијание – еден вид трансакциска заштита меѓу главниот виновник, министерот Тошковски, и обвинител кој се наоѓа под политички притисок, со функција што зависи од волјата на премиерот“, велат од ДУИ.

ДУИ им апелира на професионалците во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство да не дозволат да бидат дел од оваа трговија со влијание и на тој начин да не ја легитимираат оваа политичка зделка.

„Вистинската правда не смее да се крие зад селективни истраги и медиумски перформанси. Јавноста со право бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично. Она што ни се прикажува не е правда – туку институционален агресивен напад, еднострански насочен кон албанскиот народ во оваа држава“, потенцираат од ДУИ.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ