• Latest

Потерници и Ќосе – продолжува сеењето омраза!

March 15, 2017
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Потерници и Ќосе – продолжува сеењето омраза!

March 15, 2017 14:19
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува црната кампања на самопрогласените бранители и заложници за „заедничка Македонија“, а ниту една институција сé уште не реагира по повод ниеден од овие случаи на ширење омраза и на повици на насилство. Низ Скопје и на социјалните мрежи се појавија летоци/плакати – „потерници“ за пратенците од редовите на СДСМ, Павле Богоевски, Стево Пендаровски и Ивана Туфегџиќ.

Летоците со фотографии и текст во кој се вели „Се бара за предавство“ се појавија на неколку локации низ Скопје.

Личностите кои се објавени на овие „потерници“ се обвинети за: прифаќање на двојазичност, федерализација, обврска за учество на Албанците во спорот за името, промена на банкноти, химна, знаме, грб, полициски и воени униформи како и промена на уставното име на Република Македонија.

„Јас сум тука, Сеад Кочан го нема. Нема потреба од потерници и измислици, вашите лаги се пробиени и разобличени. Дел од ова што сте го навеле, веќе постои, дел никогаш нема да се случи. Дополнително, мека форма на конфедерација? Сериозно? Знаете воопшто, што значи тоа и како се изведува? Штедете ги парите на партијата, не ги арчете џабе, ќе им требаат за адвокати, кауции, судски трошоци и слично, зашто ќе одговараат за секое кривично дело“, реагираше Туфегџиќ на својот Фејсбук профил.

„Утрово во Дебар Маало и делови од Центар беа излепени овие најнови активистички достигнувања на чистото движење за заедничка Македонија. П.С. Поздрав од ‘Ролексот’. Толку и ви вреди ‘активизмот’. Колку обичен кромид, кој очајно сакате да го претставите како Ролекс“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Покрај ваквите „потерници“, повторно се јави и Миленко Неделковски, кој овој пат објави фотографија од споменикот на Ќосето со наслов „Пролет 2017: Tour de Macédoine“, врз која ги додал адресите на живеење на неколку јавни личности кои жестоко се борат против режимот на ВМРО-ДПМНЕ. На листата на Неделковски се најдоа Сашо Орданоски, Мирјана Најчевска, Бранко Геровски, Бранко Тричковски, Владимир Милчин, Љубомир Фрчкоски и Ацо Кабранов.

ЦИВИЛ Медиа побара изјава од неколкумина од нив.

Професорот и аналитичар Сашо Орданоски одби да одговори на нашето прашање, и само кусо искоментира: „Кога ќе дојде време, Неделковски ќе одговара за своите постапки“!

„Во демократските држави вообичаено има органи кои реагираат на ваков вид на активности, има места на кои може да се пријави дека станува збор за видно вознемирување, за дури, можеби, и загрозување на животот и слично. И, евентуално, има процедури во кои што може човек, било со пријава до јавниот обвинител, било по приватна тужба, да гони една ваква активност. Кај нас, не постои таква можност. Имено, веќе во неколку наврати е направен обид да се гонат луѓето како Миленко Неделковски, за истапи од овој или од полош вид, меѓутоа безуспешно. Најверојатно ќе мораме да причекаме промена на сите судии и сите јавни обвинители и на дел од полицијата, за да можеме да се заштитиме од ваков вид на атаци“, ни изјави Мирјана Најчевска.

Маја Ивановска

Tags: „потерници“„предавство“БогоевскиМиленко НеделковскиНајчевскаОрданоскиПендаровскиТуфегџиќЌосе
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ