ВЕСТ НА ДЕНОТ
Пожарот во Кочани ја зеде 62-та жртва, пациент во Белград подлегна на повредите
Уште еден пациент им подлегна на повредите од пожарот во Кочани, со што бројот на жртви во трагедијата се искачи на 62 лица.
Од Министерството за здравство попладнево информираа дека согласно информации од Воено – медицинската академија во Белград, денеска претпладне, на повредите подлегнал Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Муртезани за уставните измени: Тој процес, сепак, ќе биде побавен од шест месеци
-Не дека нема обиди за воспоставување контакти, но имајќи ги предвид нашите позиции и немањето никаква доверба, не е ни така лесно директно воспоставување на контактите. Не дека нема обиди, не дека нема комуникација, дури и со посредство на Европската комисија, но тој процес, сепак, ќе биде малку побавен од тоа кога сме барале време од шест месеци, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, во однос на досега неисполнетата заложба на коалицијата Вреди дека за шест месеци по формирањето на Владата ќе се случат уставните измени.
РЕГИОН
На веб-страницата на БИА е објавен извештајот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација за наводна употреба на звучен топ на протестот одржан на 15 март 2025 година во Белград. Тие наведуваат дека „врз основа на добиените резултати може да се донесе категоричен заклучок дека на протестот не биле користени акустични уреди од типот емитер LRAD што ги поседуваат полициските власти на Србија“, јавија српски медиуми.
СВЕТ
Трамп му „објави војна“ на Харвард, се заканува и со забрана за странски студенти
Одделот за домашна безбедност се закани дека ќе му забрани на Универзитетот Харвард да запишува странски студенти, откако институцијата соопшти дека нема да потклекне пред барањата на администрацијата на Трамп, да ги предаде дисциплинските досиеја, објави Би-би-си, пренесува ЦивилМедиа.
ФОРУМ
ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Колкава „кошничка“ можете да си дозволите за Велигден?
АЛ-ПРЕС
Во Приштина денеска започна судењето за терористичкиот напад на Бањска
Основниот суд на Приштина, Специјалното одделение, соопшти дека денеска почна судењето за кривичниот предмет познат како „Бањска“ против тројца осомничени Владимир Толик, Благоје Спасојевиќ и Душан Максимовиќ, јавуваат косовските медиуми.
Д. Муратов