Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на социјалните мрежи објави информации за состојбите на теренот и т.н. 30-часовен Велигденски прекин на огнот што го прогласи Путин вчера. Тој се потпира на извештајот од командантот на украинските одбранбени сили, генерал Сирски, за сосотјбата на фронтот до 6:00 часот наутро.
Од извештајот се дознава дека во различни насоки на линијата на фронтот, се забележани 59 случаи на руско гранатирање и пет напади од руските единици.
„Во секторот на Старобилската оперативна тактичка група, документирана е една борбена акција, во секторот на ОТГ Донецк имаше три борбени акции – во насоките Покровск и Новопавливка, а една борбена акција се случи во близина на Степове во насока Запорижја. Непријателот изврши десетици напади со беспилотни летала ФПВ“, пишува Зеленски.
Понатаму, според извештајот, во Курската област, руските сили извршија артилериски напади и користеа беспилотни летала.
Претседателот Зеленски ја информира светската јавност дека украинските војници реагираат пропорционално, како што вели – „како што заслужува непријателот, врз основа на специфичната борбена ситуација“.
„Украина ќе продолжи да дејствува симетрично“, напиша Зеленски.
Што се однесува до ситуацијата во периодот помеѓу вчерашниот ден по најавата за Велигденското примирје и полноќ, како што напиша украинскиот лидер, „имаше 387 случаи на гранатирање и 19 напади од руските сили. Русите користеле беспилотни летала 290 пати“.
A report by Commander-in-Chief Syrskyi on the frontline as of 6:00 a.m.
Across various frontline directions, there have already been 59 cases of Russian shelling and 5 assaults by Russian units. In the sector of the Starobilsk Operational Tactical Group, one combat engagement…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 20, 2025
„Генерално, од утрото на Велигден, можеме да кажеме дека руската армија се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, додека во некои области сè уште продолжува со изолирани обиди за напредување и нанесување загуби на Украина. Русија мора целосно да ги почитува условите на прекинот на огнот. Предлогот на Украина за спроведување и продолжување на прекинот на огнот за 30 дена по полноќ вечерва останува на маса. Ќе дејствуваме во согласност со фактичката состојба на теренот“, заклучува претседателот Зеленски во својата објава на социјалните мрежи.
Рускиот агресор го засили ракетниот терор врз цивилите по обидот за постигнување примирје во Џеда на 11 март. По крвавиот напад врз градот Суми на 13 април, Цветна Недела, еден од поголемите напади се случи непосредно пред објавата на Путин за 30-часовен прекин на огнот. На Велики Петок, 18 април, МНР на Украина објави дека „само во Харкив, повредени се над 80 лица, вклучувајќи шест деца. Едно лице е убиено. Најмладата жртва, Валерија, има само 2 години. Во Суми, дрон удри во фабрика за леб и уби едно лице. Регионите Днепар, Киев, Николаев и Донецк беа исто така погодени од Русија“.
Russia began this Good Friday attacking Ukrainian civilians: children, homes, a bread factory. Missiles and drones struck Ukrainian cities overnight – not military targets, but places where people live and work, where children play.
In Kharkiv alone, over 80 people were… pic.twitter.com/jPD2HFo3nv
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) April 18, 2025
Министерот за надворешни работи на Украина, Адриј Сибига, ја потврди јасната и конзистентна позиција на Украина. Тој потсети на преговорите во Џеда на 11 март кога Украина се согласи со предлогот на САД за примирје, што Русија го одби со наметнување разни услови и го зголеми теророт врз Украина и нејзините цивили и цивилната инфраструктура.
Ukraine’s position remains clear and consistent: back in Jeddah on March 11, we agreed unconditionally to the U.S. proposal of a full interim ceasefire for 30 days.
Russia refused, and the Russian refusal to the United States has already lasted 39 days. Instead, the Moscow…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) April 19, 2025
„Позицијата на Украина останува јасна и конзистентна: назад во Џеда на 11 март, безусловно се согласивме со предлогот на САД за целосно привремено примирје во траење од 30 дена. Русија одби, а руското одбивање кон САД веќе трае 39 дена. Наместо тоа, московскиот режим наметна разни услови и го зголеми теророт врз Украина, цивилите и цивилната инфраструктура низ целата земја“, напиша украинскиот министер за надворешни работи.
Сибига жестоко го критикуваше лицемерието на шефот на државата-терорист, истакнувајќи дека е долга историјата на неговите изјави што не се совпаѓаат со неговите постапки, и дека на Путин не може да му се верува.
„Путин сега даде изјави за неговата наводна подготвеност за прекин на огнот. 30 часа наместо 30 дена. За жал, имаме долга историја на неговите изјави што не се совпаѓаат со неговите постапки. Знаеме дека на неговите зборови не може да се верува и ќе ги разгледаме постапките, а не зборовите. Русија може да се согласи во секое време со предлогот за целосно и безусловно 30-дневно примирје, кое е на маса од март“, напиша Сибига.
Тој ги повика сите партнери на Украина и меѓународната заедница да бидат внимателни.
„Само постапките, а не зборовите, ја откриваат вистината: оваа војна започна и продолжува само поради Русија“, напиша украинскиот министер Сибиха.
Реагирајќи на Путиновата објава за примирје, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Велика Британија вчера изјави дека ова е шанса тој да покаже дека е сериозен.
„Сега е моментот Путин навистина да покаже дека е сериозен во врска со мирот со тоа што ќе ја заврши својата ужасна инвазија и ќе се обврзе на целосен прекин на огнот, како што побара украинската влада – а не само еднодневна пауза за Велигден“, изјави портпаролот на британското МНР.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот предупреди дека Вашингтон ќе „се откаже“ од посредувањето во понатамошни разговори за завршување на војната во Украина, освен ако нема брз напредок.
Тој зборуваше откако државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД „нема да продолжат со овој потфат со недели и месеци“, бидејќи имаат „други приоритети на кои треба да се фокусираат“.
„Сега треба многу брзо да утврдиме – и зборувам за прашање на денови – дали ова е изводливо или не. Ако тоа не се случи, тогаш само ќе продолжиме понатаму“, рече Рубио.
Аналитичарите ширум светот оценија дека ненадејната објава на Путин за 30-часовен прекин на огнот за време на Велигден е само уште еден негов циничен пи-ар потег кој не значи ништо. Тоа, впрочем, го докажува и ситуацијата на фронтот. Рускиот агресор не успева да го одржи својот збор дури ни за време на големиот христијански празник Велигден.
Џ. Дерала