Во напад на руски дрон врз градот Марханец во Днипропетровската област утрото на 23 април загинаа најмалку девет лица, а најмалку 30 беа повредени, објави гувернерот Серхи Лисак, пренесува Кијив Индипендент.
Дронот удрил во автобус во кој се превезувале вработени во една компанија, рече Лисак. Целосниот обем на штетите и жртвите се утврдува.
Марханец, град со предвоено население од 45.000, се наоѓа во јужниот дел на Днипропетровската област, блиску до уништената акумулација Каховка и деловите на Запарожската област окупирани од Русија.
Русија ги интензивираше нападите врз украинските градови и населени места дури и кога Кијив предложи 30-дневно примирје за нападите врз цивилната инфраструктура.
Во текот на изминатиот ден, во руските напади низ украинските региони загинаа најмалку четворица цивили, а повредени се најмалку 88, меѓу кои и деца, објавија регионалните власти на 23 април.
Московските сили започнаа тешки напади на 22 април против повеќе градови, вклучувајќи ги Криви Рих, Херсон, Одеса и Харкив, нанесувајќи десетици цивилни жртви.
Д. Мишев