• Latest

24 ЧАСА: Претседателката на ДКСК обвинета за споделување службени тајни; Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО; Продолжува рускиот ракетен терор

April 25, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Претседателката на ДКСК обвинета за споделување службени тајни; Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО; Продолжува рускиот ракетен терор

April 25, 2025 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Претседателката на ДКСК обвинета за споделување службени тајни по Вибер и Ватсап

Јавното обвинителство доставило предлог за мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, во рамки на предметот „Адитив“, издаде налог за привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и, Забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

„Како службено лице, претседател на ДКСК од месец мај до месец декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот Адитив на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна.

Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот Адитив и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК“, потенцираат од Обвинителството.

Предметот „Адитив“ се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и 5 правни лица.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Руте: Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп и високи членови на американската администрација во Вашингтон, изјави дека Русија останува долгорочна закана за Алијансата, пренесе ДПА.

-Сите се согласуваме во Алијансата дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО – за целата евроатлантска територија, изјави Руте по состанокот во Белата куќа.

Запрашан за можноста за мировен договор меѓу Русија и Украина, Руте рече дека сега „нешто е на маса“, додавајќи дека топката е очигледно на теренот на Русија.

СВЕТ

РУСКИОТ РАКЕТЕН ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Во нападот врз Павлоград убиени 3 лица, меѓу кои и дете, повредени најмалку 10

Руските војници го нападнаа градот Павлоград во Днипропетровската област со беспилотни летала на 25 април, убивајќи три лица, меѓу кои и едно дете, а повредија најмалку 10 други, изјави гувернерот Сергеј Лисак.

РЕГИОН

Вучиќ разговарал телефонски со Путин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, во последниот разговор му рекол дека внимателно ја следи ситуацијата во Србија и дека ја опишал обоената револуција во три реченици, пишуваат српски медиуми.

Вучиќ  изјави дека со Путин разговарал за бројни теми, првенствено за аранжманот со гас, но му рекол и дека никогаш нема да бега никаде и дека нема да му биде товар.

„Му реков дека само едно е сигурно, а тоа е дека никогаш нема да избегам, никогаш нема да се кријам никаде и нема да ви бидам товар како Јанукович и другите“, рече Вучиќ.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ:

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми во регионот: Конституирањето на косовското собрание не успеа ниту по шестиот обид; ЦИК ги објави кварталните трошоци на партиите – ВВ потрошила највеќе; СПАК го конфискува станот на поранешен уставен судија

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Мицкоски и Тошкоски ја „даваат главата“ на министерот без ресор Шабан Салиу за да ја спасат својата. Салиу обвинува дека неговото аспење е селективно и дека тоа е удар врз Ромите кои се најлојален народ и дека во притвор остана како што вели: „само Циганот Шабан“, пишува Дехран Муратов во колумната „Мицкоски и Тошковски ја даваат „главата“ на министерот без ресор Шабан Салиу за да ја спасат својата“.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ