• Latest

24 ЧАСА: Досие „Богојески“ – со радикализам и омраза до директор на ЕРАЗМУС, Семејствата на настраданите во Кочани правдата ја бараат во Скопје; Нови ветувања за контрола на цените; Полицијата им се нафрли на студентите во Нови Сад

April 28, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

Кривична за „тероризам“ против скопјанец за лажна пријава за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

August 21, 2025
Во моментов, законот за прераспределба е усвоен во Претставничкиот дом на ТексасФото: Скриншот од видео на ВВС

Пратениците од Тексас одобрија нова изборна мапа прекроена во корист на републиканците

August 21, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Досие „Богојески“ – со радикализам и омраза до директор на ЕРАЗМУС, Семејствата на настраданите во Кочани правдата ја бараат во Скопје; Нови ветувања за контрола на цените; Полицијата им се нафрли на студентите во Нови Сад

April 28, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

(ДОСИЕ) Петар Богојески: Со ултра национализам, говор на омраза и дезинформации до позиции во власта и директорско место во ЕРАЗМУС

Претседателот на „Македонски концепт“, Петар Богојески, е поставен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Богојески во јавноста стана познат во 2018 кога како „реформатор и фракционер“ беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ. Оттогаш па се до формирањето на Македонски концепт, Богојески делуваше како фракција во ВМРО-ДПМНЕ и голем критичар на Мицкоски за пред последните парламентарни избори неговиот Македонски концепт да влезе во заедничка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа Богојески, не се прослави ни како „реформатор“ ниту како успешен лидер на Македонски концепт, туку како човек кој шири говор на омраза и дезинформации на социјалните мрежи.

„Добро знаеме дали и колку говорот на омраза, навредите, вулгарностите на Богојески дали се „експеримент“, „хакиран профил“ или „украден идентитет“. Тој може колку сака да се служи со провидни лаги, но едно е јасно – да имавме нормални институции тие ќе го земеа на одговорност, бидејќи еден дел од неговите настапи во јавноста се и кривично дело казниво по член 319 и 398 од Кривичниот законик. Во меѓувреме не знаеме ниту дали „експериментот“ со говорот на омраза му донесе „од 500 до 50.000“ гласа како што кажа на панел дискусијата на ЦИВИЛ во 2021, но сигурно му донесе коалиција со Мицкоски и директорско место во ЕРАЗМУС!“.

ФЛЕШ

Семејствата на настраданите од Кочани утре организираат ,,Марш за ангелите“ во Скопје, во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција

Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во вторник ќе организираат ,,Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција.

Според најавата, маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје, по што ќе се продолжи пред собранието на Македонија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ограничена маржа за скоро сите производи ако трговците пак ги зголемат цените, најавува Дурмиши

„Ако трговците не се однесуваат како што треба или ги зголемуваат пак цените, ќе има поригорозни мерки од она што го имаме сега. Ако сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи деа ќе опфатиме уште повеќе групи – скоро се ќе ставиме со одлуката што ќе ја донесеме, ќе ги опфатиме скоро сите производи што ги имаат ланците маркети, со ограничување на маржите на сите тие производи или вредноста на ограничувањето на маржите ќе биде поголема“, рече Дурмиши.

РЕГИОН

(ВИДЕО) Полицијата со пендреци и бибер спреј по студентите од ДИФ во Нови Сад; Студентите го спречиле деканот да ја пробие блокадата

Пред Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, чиј влез е блокиран од граѓани и студенти од утрово, се случи нов инцидент кога полицијата доби наредба да ја нападне толпата, која ја нападна со палки, пренесе Н1. Тие претходно почнаа да се приближуваат кон влезот на факултетот, но пред нив стоеја граѓани и студенти. Сепак, припадниците на жандармеријата успеаја да се пробијат до влезот, користејќи бибер спреј и потиснувајќи ги граѓаните.

 

СВЕТ

Трамп ја однесе американската економија на работ на криза за само 100 дена откако е претседател

Доналд Трамп ги помина првите 100 дена во Овалната соба водејќи економија на која светот ѝ завидуваше до работ на криза, ризикувајќи го угледот на Америка како финансиско безбедно засолниште и поттикнувајќи страв кај гласачите кои ја изгубија довербата во неговото водство.

Според анализата на Стивен Колинсон, виш репортер кој ги покрива Белата куќа и политиката низ САД и низ целиот свет за Си-ен-ен , Американците очајно бараа олеснување од високите цени на прехранбените производи и се потпреа на ветувањето на Трамп да ја направи Америка повторно прифатлива во ноември 2024 година, делумно од носталгија за економијата пред пандемијата од неговиот прв мандат.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Кој е виновен за актуелната политичка криза во Косово?; Наташа Кандиќ почестена со „Клучот на град Приштина“; Во Валона се отвора аеродромот со најдолгата писта во Балканот; „Џиро д’Италија“ за прв пат во Албанија

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали власта ја води земјата кон Исток?

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Но да се вратиме на „скриените“ маки на Мицкоски и неговата влада. Главниот проблем секако е прашањето како да се наполни буџетот? Од каде да се земат кредити или обезбедат свежи пари за да се покаже дека нешто се работи, а и за да се поделат плати и пензии? Уште од средината на деведесеттите од минатиот век, престана навиката плата во државната администрација да се зема на 20-ти за претходниот месец, односно платите да доцнат. Се воспостави ред и нормално финансирање, но сега одеднаш како да се враќаме во тој период. Тоа покажува дека буџетот е празен или дека се трошени средства без план што ќе ти дојде на исто“, пишува Оливер Андоновски во колумната „Состојба редовна“.

*

Денес претседателката Давкова Силјновска им одржа „буквица“ на уставните судии во рамки на дебата за позицијата на овој Суд во правниот систем. Ако ја исклучам театарлноста со која таа настапи пред колегите, би се согласил со неа дека со мал исклучок на судии кои биле со стручен интегритет во оваа институција таму доаѓале главно лица како награда од страна нивните партиски тутори. Некои од нив,, би додал, не би можеле да водат и месна заедница.
Но, како пак таа си ги одбра советниците кои ја опкружуваат? Служат ли тие за пример на интегритет од нивниот претходен стручен допринос или се избрани од една партиска конклава на која таа само се приклонила?, објави новинарот и аналитичар Љубомир Костовски на Фејсбук.
*

“Krivi smo mi” (Ние сме виновни) е рефренот на една од најпознатите и веројатно најважните песни на „бардот“ Ѓорѓе Балашевиќ (1953 – 2021) од 1993 година, сред босанската војна.

Ние сме виновни, Балашевиќ обвинувачки се обрати кон своите сонародници, им дозволивме да мразат, да пукаат и да извикуваат: Пукај! За жал, неговиот обид да ги разбуди луѓето тогаш не успеа. Не само земјите од Западен Балкан и нивните народи се виновни за жалната состојба во земјите од Западен Балкан денес, туку и таканаречениот Запад, особено ЕУ и нејзините земји членки, од кои Германија е важен играч, пишува Гудрун Штајнакер во анализата „Раздели па владеј, издание на 21 век: Стратегијата на клептократите во Западен Балкан и улогата на ЕУ“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ