• Latest

24 ЧАСА: Семејствата на настраданите во Кочани бараат одговорност; Владата не исплаќа плати, се задолжува кај домашните банки; Рускиот ракетен терор продолжува да одзема животи

April 29, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Семејствата на настраданите во Кочани бараат одговорност; Владата не исплаќа плати, се задолжува кај домашните банки; Рускиот ракетен терор продолжува да одзема животи

April 29, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Семејствата на настраданите во пожарот во Кочани бараат одговорност

Денес во Скопје, во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, започна протестот „Марш за ангелите“ – во организација на семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Протестот започна пред  Oбвинителството, и продолжи кон плоштадот „Македонија“ и  заврши пред Собранието.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/Protest-Kochani-29-04-2025.mp4

Од Обвинителството вчера упатија покана до семејствата на настраданите, во текот на денешниот ден да остварат средба со јавниот обвинител и со обвинителите кои постапуваат по предметите. доколку сакаат подетално да се запознаат со сите аспекти од истражната постапка.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и тимот обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите и ги информираа за досегашниот тек на истражната постапка.

Откако пред Собраните повикаа на одговорност и отставки од пратениците семејствата на загинатите, имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратениците на Левица Борис Крмов и Јована Мојсоска, по што и пратениците од СДСМ, по што имаа разговор и со лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Универзитетското студентско  собрание на УКИМ го поддржа протестниот марш, а во повикот се придружи и Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на сериозни проблеми со јавните финансии и економската политика на Владата.

„Реалноста е таа дека ние сме влезени во циклус од 6 до 9 месеци на невраќање на ДДВ и неплаќање на обврски кон стопанството, коешто Владата не го кажува, а што го кажуваат самите стопанствениците“, изјави Битиќи, притоа нагласувајќи дека кога Владата станува најголем должник, било по основ на поврат на ДДВ, било по основ на договорни обврски, тоа е сериозен проблем за економијата затоа што предизвикува неликвидност во стопанството и намалување на активноста.“

„Ако сакаме пред јавноста само да кажеме дека само се случил административен пропуст со доцнењето на исплатите на плати, реалноста е дека еден од инспекторатите, кој е под Министерство за економија, четири месеци нема земено плата.“, изјави Битиќи во врска со доцнењето на исплатата на платите во дел од јавниот сектор.

 

РЕГИОН

Какви ознаки носеле полицајците кои го спречиjа апсењето на Додик; Српско знаме на шлемот; „The Punisher“ стилизиран череп на опремата

Симболи на Србија и контроверзни симболи на херои од стрипови, заедно со грбовите на полицијата на Република Српска – сето ова можеше да се види на полицајците кои го спречија апсењето на Милорад Додик, претседателот на РС, на 23 април во Источно Сараево.

СВЕТ

Најмалку  8 цивили убиени, 24 повредени во руските напади врз Украина, 12-годишно дете меѓу жртвите

Руските напади низ украинските региони убија најмалку осум цивили и повредија најмалку 24, објавија регионалните власти на 29 април, а меѓу жртвите има и деца. Московските сили ги интензивираа нападите врз украинските градови и населени места, дури и додека Кијив повикува на безусловно примирје.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали семејствата на настраданите во Кочани добиваат доволно поддршка?

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска во Скопје  организираат „Марш за ангелите“ со почеток во 12 часот и 5 минути пред Oбвинителството , како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, кој продолжува преу плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. Кој е вашиот став?

СЛОБОДНА ЗОНА

„И додека „стабилната и силна“ владина коалиција си ги билда мускулите за настап на наредните избори, во еден многу значаен сегмент од владата, битен за физичкиот опстанок на жителите на оваа држава, предводен од министерот за здравство Арбен Таравари, кој единствено е заинтересиран со кого ќе коалицира на локалните избори, се случува колапс.“, пишува Драган Мишев во колумната „На која планета живеат Мицкоски и министрите?“.

„Како и да е, „нема зима“ за тие што имаат некој тато-бато на функција, па ако ги фатат ќе бидат „примерни граѓани“ ќе си ја платат казната. А ако пројде, пројде, никому ништо. Тешко на тие мнозинство граѓани кои немаат број на телефонскиот именик од некој познат кој би можел да ургира да не им пишуваат казни, како пример со сиротиот таксист кој со жив штит си го бранел такси возило да не му го крене пајакот.“, прочитајте во Блиц коментарот од Дехран Муратов „ Ако пројде, (не) пројде“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ