• Latest

Икона против руската војна​

May 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Икона против руската војна​

May 3, 2025 20:04
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Иконата во православието и католицизмот претставува исклучителен свештен атрибут, особено во православната традиција. Таа има длабоко сакрално значење за верниците и служи како посебна форма на дијалог — дијалог што може да ги излечи раните што Украинците ги трпат и против кои се борат веќе 1165 дена поради руската воена агресија против Украина.​

Овие редови ги напишав инспирирана од една посебна изложба на украинските уметници Софија Атлантова, Олександр Клименко и Герман Клименко, која содржи циклус Богородични икони насликани на кутии од оружје. Овој проект е посветен на украинските деца кои се киднапирани од руските окупатори.​

Украинските деца и мајки се најранливите и најнезаштитените пред воените злосторства на русија. Апсолутна „новела“ на тековниот злостор на рф е тоа што незаконската депортација на украински деца ја спроведуваат претставници на сите гранки на руската власт. Киднапирање, заробување, физичко и морално малтретирање, тортура — тоа е добро организиран државен конвејер на руското зло.​

„Икони на кутии од муниција“ — дело на уметници од Кијив (фото извор: Амбасада на Украина)

Идејата на проектот „Икони на кутии од муниција“ — дело на уметници од Кијив — е трансформација на смртта во живот. Кутијата од оружје е симбол на смртта, додека иконата го претставува животот.​

Излегувајќи надвор од религиозниот простор, иконата насликана на кутии од оружје станува разбирлива и далеку од украинската земја, која секојдневно е подложена на ракетни и артилериски напади.​

„Икони на кутии од муниција“ — дело на уметници од Кијив (фото извор: Амбасада на Украина)

За време на руската агресија, Украинците научија да оперираат под непријателски напади, да ги едуцираат децата во засолништа и со неверојатна брзина да ја развиваат својата одбранбена индустрија.

Зошто тогаш да не се совлада и создавањето икони на кутии од муниција?​!!!

Секако, таквиот израз на титански отпор не е поради недостаток на традиционални материјали.​

Украинските земји имаат вековна историја на иконопис. И покрај многуте пречки, украинската култура, особено црковната, се развивала во нагорна линија.​

„Икони на кутии од муниција“ — дело на уметници од Кијив (фото извор: Амбасада на Украина)

Најпознати и влијателни биле Кијивската и Лвивската школа на иконопис. Украинското иконописство било богато со неколку стилови, меѓу кои најпознати се ренесансата, барокот и класицизмот. Многу странски мајстори го совладале стилот на украинските барокни икони во Кијив.​

Украинските барокни цркви и ренесансно-барокните иконостаси се сведоштва за префинетоста и совршенството на украинското наследство, кое намерно се уништува од рускиот агресор.​

Иконописот на кутии од оружје е нов стил на украинското иконописство, донесен од руската војна.​

Тоа е исто така сила што, на свој начин, го задржува руското воено зло.​

Менталниот отпор продолжува.​

Украина се бори!​


Специјално за ЦИВИЛ Медиа.
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ