Владиниот сајт се претвори во партиско гласило, ако ние како новинари или граѓаните го отворат владиниот сајт ќе видат „ЕКСКЛУЗИВНО Мицкоски“, зошто мора да пишува ексклузивно на владин сајт дека дал изјава за некој медиум. Кога ќе отвориме сајт на Влада не треба да стои ексклузивно, треба да има официјално соопштение. Ексклузивно може да пишува во медиумот каде што ја дал таа изјава. Не треба да стои ПРОВЕРЕН ФАКТ. Секоја информација или соопштение од владата треба да е ФАКТ, да не е проверен факт, туку да е факт, вели новинарот Дехран Муратов, во дел неговото излагање на КОЛЕГИУМОТ посветен на медиумите, за слободата, за манипулациите и пропагандата.
Целиот КОЛЕГИУМ може да го проследите во следниот линк: