• Latest
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски – Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион

May 7, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски – Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион

May 7, 2025 15:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

-Тука не мислам да полемизирам, ниту мислам на вашата соседна држава Бугарија, тие имаат свои идеи како тоа треба да изгледа. Правилата се јасни, треба консензус, треба едногласност. Се додека некој е против Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено е прашањето дали тоа за вас и за вашите граѓани се уште е најважната работа на овој свет вредна во животот или има некои други работи кои може државата да ја дефинираат како успешна и реализирана заедница. Но тука јас немам совет, тоа е ваша одлука, рече Милановиќ.

Милановиќ истакна дека на Македонија треба да и се помогне, но не да се третира како посебен случај.

ФОТО: Кабинет на Претседател / Денис Јагџи

-Земјава никогаш не треба да се третира како посебен случај со посебни потреби, како земја со грешка, туку како земја која во моментов има одредени проблеми, затоа што некои други не се согласуваат со одредени работи до кои вие држите. Во ред, тоа на сила не може да се промени. Европското право и pacta sunt servanda, на кое се повикува професорката, е добро да се повторува, но ЕУ главно не функционира на тој начин. Хрватска е сведок на тоа, чисто да не живееме во илузија, но во ЕУ има и многу добри работи, но не се сите добри особено последните години и месеци, нагласи Милановиќ.

На новинарско прашање какви се неговите очекувања од договорот за воена соработка што Хрватска го склучи со Албанија и со Косово и дали може Македонија е повикана во овој договор за воена соработка, рече дека тоа е декларација потпишана од тројца министри за одбрана.

-Договорот за којшто зборувате не е договор, туку декларација или меморандум којшто го потпишаа тројца министри. Тоа е меморандум којшто пригодно го потпишаа тројца министри за одбрана, од кои двајца на земји членки на НАТО – на Хрвстска и на Албнија и на Косово, нам пријателска држава која за жал се уште не е признаена од сите земји членки на ЕУ и на НАТО, и не е примена во ОН. Значи ова не е договор, но е на тратекторијата на хрватската надворешна политика. Jас го поддржувам овој договор и сакам да ги смирам соседните држави, да речеме Србија, да немаат никакви проблеми со тоа, одговори Милановиќ.

Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работниот ручек со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на Северна Македонија.

Како што се посочува Мицкоски во објава на Фејсбук, со хрватскиот претседател разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето со глобалните предизвици.

– Разговорот беше исполнет со искрени ставови, регионални перспективи и заеднички визии за иднината. Потврдена беше поддршката за европската иднина на Македонија и јасната перспектива за членство во Европската унија, наведува Мицкоски.

Милановиќ, кој е во официјална посета на земјава, беше пречекан на скопскиот аеродром од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, а со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со која имаше средба и заедничка прес-конференција.

Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ