• Latest

Неделна анализа: Македонија на чекор до нова влада?

March 20, 2017
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

August 4, 2025

Десет дена и илјада потписи за Зелен Хуман Град да стане политичка партија

August 4, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Главната порака ќе им ја испратиме во октомври – им порачаа граѓаните на властите

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Македонија на чекор до нова влада?

March 20, 2017 18:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката состојба во Република Македонија од осамостојувањето до денеска, не била посложена! Oткако спикерот на стариот собраниски состав, Трајко Велјаноски одлучи да ја свика, утре треба да се одржи координација на пратениците чии мандати се верификувани, со цел – продолжение на конститутивната седница. Во исто време, се очекува еврокомесарот Јоханес Хан, да ја релаксира тензичната атмосфера и да го олесни процесот на конституирање на новото Собрание. Според најавите од Брисел, Хан ќе оствари средби со лидерите на параламентарните партии, додека пратениците го избираат новиот спикер, откако пред тоа ќе биде формира и Комисија за прашања на избори и именувања.

Но, тензијата расте, зашто ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски нескриено повикуваат на масовни протести. Граѓанската иницијатива, „За заедничка Македонија“, блиска до ВМРО-ДПМНЕ, побара средба со еврокомесарот Хан. Според неговата гласноговорничка, лимитираното време на еврокомесарот во Македонија е резервирано за средби само со лидерите на релеватните политичките партии.
Меѓународната заедница, преку дипломатите, испраќа јасни пораки, дека очекува формирање на нова влада, која Македонија ќе ја врати на евро-атланската агенда, ќе се избори со криминалот и ќе ги спроведе неопходните реформски процеси, коишто ќе отворат нова страница, по страотната ерозија на македонската демократија, последнава деценија и подолго.

 

ВМРО-ДПМНЕ испраќа јасни пораки – од позиција на опозиција

СДСМ е категорична дека утре ќе се одржи координација во Собранието без блокади, дека конечно ќе профункционираат институциите, за започнување на процесот на мирен трансфер на власта. Го повикуваат ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Груевски да се повлечат од насилната реторика, која шири немир и поделби кај граѓаните за непостоечки теми, да ја прифатат реалноста, што впрочем „ја очекуваат најголем број граѓани на Македонија – нова реформска влада“. СДСМ соопшти и вети дека „Програмата на новата реформска влада е единствениот документ, што е во интерес на сите граѓани на Македонија и ја гарантира унитарноста на државата“.

ВМРО-ДПМНЕ пак „подготвува документ за излез од политичката криза, којшто ќе го достави до сите партии и којшто нема да фаворизира ниедна етничка заедница“. Без да открива детали, ова го порача партискиот лидер Груевски, во интервју на една од националните телевизии, блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека „државата е во опасност и само народот може да ја одбрани“. Според него, „најголемата опасност за Македонија во моментов е Зоран Заев и неговото прифаќање на уцените да ја реализира т.н. Тиранска платформа“. Повикувајќи на формирање малцинска влада, ВМРО-ДПМНЕ ја соопшти својата подготвеност да ги гласа програмите на СДСМ, што говори за фактот, дека ВМРО-ДПМНЕ веќе дејствува од позиција на опозициона партија.

 

Македонија во криза, претседателот на турнеја

Во време кога Македонија и нејзините граѓани се исправени пред најголемата политичка криза, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, којшто, противуставно според многу експерти, одби да го даде мандатот на новото паралементарно мнозинство, започна дипломатска турнеја. Беше во посета на Азербејџан, а денеска е во Унгарија, но сепак, реши да ја откаже посетата на македонската дијаспора во Австралија, поради состојбите во државата.
Тој и натаму опстојува на ставот дека нови избори може да ја решат политичката криза. Овој став е нескриена поддршка на постизборниот политички потег на ВМРО-ДПМНЕ, во обидот да остане и натаму на власт. Доаѓањето на Хан, впрочем, е во насока на омекнување на ригидниот став на Иванов, којшто според уставните експерти е дел од алатките на политиките на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на продлабочување на политичката криза и создавање на клима, во која оваа партија на избори ќе извојува повторна победа, што ќе ја амнестира од каква и да е одговорност партиската клика, која 10 години владееше со Македонија.

„Црна кампања“ против противниците на ВМРО-ДПМНЕ

Продолжува „црната кампања“ против сите противници на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Државата е преплавена со некролози со ликови на пратеници од СДСМ, кои се нарекуваат предавници, се посетуваат по нивните домови членови на оваа партија, експерти и јавни личности со продемократски гледишта, се испраќаат јавни осуди, се адресираат графити и пораки со навредлива содржина.

Продолжуваат протестите на граѓанската инцијатива, блиска до ВМРО-ДПМНЕ, „За заедничка Македонија“. За утре е најавен најмасовен протест досега, со присуство на граѓани, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од сите страни на Македонија, пред парламентот, наспроти посетата на европската четворка: Хан, Вајгл, Кукан и Флекенштајн и најавената координација за продолжување на конститутивната собраниска седница.

Во меѓувреме, МВР распиша меѓународна потерница по Сеад Кочан, познат македонски бизнисмен, сопственик на „Трансмет“ и ТВ Нова (блиска до ВМРО-ДПМНЕ) осомничен во предметот „Труст“. Специјалното јавно обвинителство го товари Кочан дека заедно со уште две лица, формирале конзорциум, кој преку учество на тендер со фалсификувани документи, добил тендер од државната ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

На маргините од политичката драма со која се обремени граѓаните, се бележат негативни економски биланси. Расте бројот на фирмите со по неколкумина вработени, кои поради неповолната економска клима одат во стечај. Расте и несигурноста кај граѓаните, како и агонијата од стравот од војна, но и стравот за опстанок на државата во постоечките граници.Во политичките игри се инволвираат и средношколци и деца. Надлежните не реагираат! Провладините медиуми креираат спинови, дека со формирање на новата влада меѓу СДСМ и партиите од албанскиот блок, целосно ќе биде поткопан суверенитетот и интегритетот на Македонија.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВајглВМРО-ДПМНЕГруевскикоординацииКочанКуканпровладини медиумиСобраниеТВ НоваТрансметтурнејаФлекенштајнХанцрна кампања
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ