• Latest

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025 15:08
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

13 мај 2025

ЛОНДОН — Денешниот ден означува клучен момент за европската солдарност и стратешка соработка. Моќен состав од европски носители на одлуки, дипломати, новинари и лидери на граѓанското општество ќе се сретнат ова попладне, 13 мај 2025 година, за лансирање на Вестминистерскиот сојуз за Украина — смела иницијатива насочена кон зајакнување на суверенитетот на Украина и унапредување на демократското единство како одговор на руската агресија.

Настанот на високо ниво, кој се одржува во Долниот дом на Парламентот во Лондон и онлајн, започнува во 15:00 часот по централно европско време (14:00 часот по лондонско време).

Овој навремен собир ќе се одржи под насловот:

„Кон ефективна европска одбранбена стратегија за Украина: Да се направи коалицијата на оние што се подготвени реалност“

Овој значаен собир ќе исцрта конкретни, колективни чекори за ефективен европски одговор на тековната агресивна војна на Русија. Програмата ќе се фокусира на четири итни стратешки приоритети:

  • Градење на европски мировни сили и суверена одбранбена способност
  • Формирање на Европска банка за одбрана и интегрирани системи за набавка
  • Стратегии за спротивставување на дезинформациите и хибридното војување
  • Зајакнување на демократската отпорност низ целиот континент

Одржана под чадорот на глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, Вестминистерскиот сојуз за Украина има за цел да поттикне прекугранична соработка, да ја засили поддршката за Украина и да обликува координираните демократски одговори на безбедносните закани низ Европа.

Настанот собира истакната група на учесници од политиката, граѓанското општество и медиумите. Меѓу клучните учесници се истакнати европски личности од политиката, граѓанското општество и медиумите. Роџер Касале, поранешен пратеник во парламентот на Обединетото Кралство и основач на „Нови Европејци“, ќе ја води сесијата како координатор на иницијативата. Нему ќе му се придружи Алекс Собел, пратеник и специјален пратеник за трговија на Обединетото Кралство за Украина, кој, исто така, претседава со парламентарната група на сите партии за Украина. Лорд Џејмс Арбутнот, поранешен претседател на Одборот за одбрана на Обединетото Кралство и виш соработник во РУСИ, носи витална перспектива за европската одбранбена стратегија. Од Франција, Жан-Ив Леконт, поранешен сенатор кој ги претставува француските граѓани во странство, придонесува со длабоко искуство во дипломатијата на дијаспората и европската соработка. Граѓанското општество и медиумите ќе бидат претставени од страна на Др. Волфганг Ресман, претседател на „Youth4Media“ и „Media Dialogue“ и Мика Бојстер, Претседател на Германското здружение на новинари, кои ќе се осврнат на медиумските слободи и улогата на новинарството во време на војна. Италија, исто така, ќе биде претставена од експери од „Centro Studi Internazionali“, вклучувајќи го и Франческо Гаудиози, потпретседател и извршен директор, придонесувајќи со експертиза во меѓународното право и глобалното управување. Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ  – Центар за слобода и коосновач на глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, ќе го поддржи настанот како ко-модератор и фасилитатор.

Гласовите на Украина ќе бидат во срцето на дискусиите, вклучувајќи и член на украинскиот парламент како и новинари од првата линија кои продолжуваат да ја бранат вистината и демократските вредности под огромен притисок. Ним ќе им се придружат допонителни соработници посветени на обликување на обединет европски одговор на авторитаризмот.

Настанот вклучува концизни придонеси, со детални интервјуа и подкаст сесии закажани за објавување во наредните недели. Ова лансирање го означува почетокот на долгорочен напор за зајакнување на демократските институции, борба против дезинформаиите и одржување на европската поддршка за Украина.

„Ова претставува стратешка точка за собирање за европските демократски актери. Испраќаме јасна порака: Украина не е сама и нашите демократски вредности не се предмет на преговори“, рече Роџер Касале, координатор на Вестминистерскиот сојуз за Украина во ексклузивно интервју за медиумската платформа на ЦИВИЛ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ