• Latest

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по средбата со премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака до владата: исполнете го она што е договорено. Нема план „Б“ за македонската интеграција во ЕУ.

– Јас цврсто верувам дека проширувањето е заедничка цел која ја споделуваме и ова е најдобрата геостратешка инвестиција во мир, стабилност и безбедност што сите можеме да ја направиме. Ја поздравувам одличната работа која што беше завршена од страна на Македонија, од вашата Влада во поглед на реформската агенда и напредокот кој беше постигнат. Мораме да ја искористиме оваа можност да направиме стратешка инвестиција, да ја завршиме, како што се Коридорите 8 и 10, рече Кошта.

Претседателот на Европскиот совет го охрабрил Мицкоски да ги вложи своите напори за понатамошен напредок. Кошта оцени дека пристапниот процес е маратон, а не брза трка. Процесот рече е напорен и може да фрустрира, но дека со решеност и напорна работа Македонија ќе успее до крај со заобиколување на пречките.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека присуството на претседателот на Европскиот совет, Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален чин на внимание, поддршка и интерес за иднината на нашата држава и за иднината на Западниот Балкан да биде наскоро дел од Европската Унија.

„Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, затоа што веруваме дека иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство“, истакна Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање дали ќе се остварат разговори со бугарската страна, Мицкоски рече дека е подготвен во било кое време да разговара за решавање на проблемот.

-Што се однесува до разговори со нашиот источен сосед, ќе ве потсетам, веќе претседателката имаше на ниво на претседатели неколку состаноци со нејзиниот колега од Бугарија. Така што, не е само состанокот на министерско ниво, а јас сум подготвен во било кое време, и таа подготвеност му ја пренесов на претседателот Кошта да дојдам во Брисел, дали во негово присуство, во присуство на претседателката Фон дер Лајен, да седиме и разговараме било кога и било колку да треба за да дојдеме до заедничко решение како и двете страни да испорачаат, рече Мицкоски.

Премиерот потсети дека Кошта го пренел она што е став на ЕУ, додека Владата го пренела веќе познатиот став, односно не можеме да менуваме Устав, без да видиме јасна испорака од другата страна.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде кратка изјава по пристигнувањето во Турција, и на прашањето на новинарите дали има порака до рускиот претседател Владимир Путин, тој одговори:

„Тука сум. Мислам дека тоа е многу јасна порака“, рече Зеленски. Тој пред да пристигне во Анкара изјави: „Путин е исплашен од директни преговори со мене“.

РЕГИОН

Тирана ќе биде домаќин на 6-тиот самит на Европската политичка заедница на 16 мај, важен настан што ќе ги донесе 47 лидери од целиот континент во главниот град на Албанија, јавуваат албанските медиуми.

Самитот, организиран од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и премиерот Еди Рама, ќе се одржи на плоштадот Скендербег, под мотото „Нова Европа во нов свет: Единство, соработка, заедничка акција“. Официјалната агенда на самитот предвидува церемонија на отворање со почеток во 11:00 часот, по што по 45 минути ќе следи првата пленарна сесија, каде што лидерите ќе разговараат за безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа.

СВЕТ

СТРАВ ОД СООЧУВАЊЕ: Путин не е на листата на учесници во мировните преговори во Истанбул

Како што се очекуваше, Путин не е на листата на учесници во мировните преговори во Истанбул денеска. Иако никогаш ништо не е сигурно кога Путин е во прашање, тој најверојатно ќе избегне да се сретне очи в очи со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руската делегација ќе ја предводи помошникот на претседателот Владимир Медински, според соопштението на Кремљ, објави Би-би-си.

Зеленски пристигна во Турција за да присуствува на разговорите и ќе се сретне лично со Путин доколку рускиот претседател се согласи и рече дека ќе направи сè што може за да се осигури дека средбата лице в лице ќе се одржи.

Украинскиот лидер Зеленски веќе ја коментираше постапката на Путин, дека тој е исплашен од директни преговори со него, како што објави лондонски Гардијан.

„Путин е исплашен од директни преговори со мене“, изјави Зеленски.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

СЛОБОДНА ЗОНА

„На социјалните мрежи и во медиумите веќе се шират критики, но и подбив на сметка на рускиот претседател Владимир Путин, затоа што очигледно има намера да избегне директни преговори со претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Истанбул, закажани за денеска, 15 мај 2025.

Една од тие сатирични забелешки е и цртежот на кој се гледа американскиот претседател Доналд Трамп кој прашува – Каде е Путин.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ