„Македонскиот национализам во последните 10 години е еден чуден феномен. Од една страна имаме екстремен национализам кој се фаќа за некои ирационални работи и е сремен да ја блокира, да ја закочи Македонија. Таква беше борбата за античка Македонија која ни зема 11 години од нашиот европски пат. Сега е борбата Бугари во Уставот со веќе три или четири години сме бокирани на тој европски пат. И за некои такви прашања македонскиот национализам навистина е бескраен“, изјави Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП.
Георгиевски истакна дека кога станува збор, пак, за југословенската ориентација на најголем број на Македонците се отсликува и преку, без да има било каков официјален договор, великосрпски прослави на нивни празници, односно јубилеи.
„Јас мислам дека во Македонија имаме во моментот 50-50 сооднос на прославување или одбележување на великосрпски настани и чисто македонски национални празници“, истакна Георгиевски.
Во однос на геноцидот во Сребреница, во тоа време, истакна Георигевски, најголемоиот дел од македонското општество, за жал, бил наклонет кон Србија., од кој секој искрен Македонец треба да се срами.
Георгиевски говореше на панелот „ Негирањето на геноциодот е карактеристика на големосрпската пропаганда“, на конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), што се одржува денеска во Скопје.
Б. Ј.