Како што напиша амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир на социјалните мрежи, денеска е 1.180-ти ден од почетокот на целосната руска воена агресија против Украина. Но за кримските Татари, тоа се 11 години окупација на покраината. Илјадници Татари дојдоа под удар на суровата окупација што започна во 2014 година. Кримските Татари се погодени од репресалии, прогон, апсења, тортура и убиства што ги спроведуваат руските окупациски сили на полуостровот.
„Ден 1180. Денес е 18 мај. Пред 80 години — депортација. Денес — привремена окупација. русија не го прекина злосторството започнато во 1944 година. Крим е Украина. Кримските Татари се народ што се спротивставува и памти“, напиша украинската амбасадорка, Лариса Дир.
Ден 1180. Денес е 18 мај.
Пред 81 година — депортација.
Денес — привремена окупација.
русија не го прекина злосторството започнато во 1944 година.
Крим е Украина. Кримските Татари се народ што се спротивставува и памти. pic.twitter.com/pVc8CX4O57— Larysa Dir (@dir_larysa) May 18, 2025
М. Д.