„Состојбата со новинарството во Украина е апсолутно срцепарателна — не поради граѓанското општество или самите медиуми. Всушност, Украинците силно ги поддржуваат своите локални медиуми, како што може да се види во статистиката и во општото расположение на јавноста. Меѓутоа, украинските новинари остануваат во голема опасност. Денес сакам да спомнам едно важно име: украинската новинарка Викторија Рошчина, која беше убиена додека беше во руско заробеништво. Нејзиното тело беше вратено во Украина — без нејзините очи, без нејзиното срце. Сé уште не знаеме што точно се случило со неа“, истакна Олха Данилиук, новинарка, Волина Газета, Украина на настанот на Вестминистерскиот сојуз на Украина.
„Она што исто така е загрижувачки е тоа што дури и руските либерални медиуми сега ги потиснуваат украинските гласови, додека ги засилуваат своите. Не миислам дека тоа е фер. Треба да слушнеме повеќе од Украинците — особено од оние кои страдаат најмногу од оваа војна“, рече Данилиук.
Превод: Н. Цветковска