• Latest

24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

May 21, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

May 21, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Амбасадорката Дир: Овој споменик за Украинците има свето значење, тоа е спомен и оддавање почит на децата и возрасните кои беа погубени со глад во Украина, по јасна наредба од Кремљ

Општина Чаир денес во Паркот „Украина“  организираше поставка на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, во своето обраќање пред јавноста, истакна дека овој симболичен чин, кој ги надминува националните граници, е доказ за посветеноста на Општината, како место на соживот помеѓу различни националности, кон промовирање на мирот, историското сеќавање и хуманите вредности.

На настанот присуствуваше украинска делегација предводена од амбасадорката Лариса Дир, која изрази благодарност за можноста да биде денес овде, на презентациjaта на овој споменик.

За Украинците, ова не е само метална фигура – овој споменик има за нас свето значење. Тоа е спомен и оддавање почит на децата и возрасните кои беа погубени со глад во Украина, по јасна наредба од Кремљ, истакна Дир.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Обвинитлката Ристоска бара извинување од Павловиќ – Латас, ја клеветел и напаѓал поради нејзината кандидатура во ЕСЧП

„Денес упатив барање за јавно извинување до Драган Павловиќ Латас, за клевети искажани во емисијата “Само вистина” емитувана на Канал 5 на 16.05.2025 година, во која лажно тврди дека неовластено сум земала износ од 100.000 евра според Агенција за борба против корупција и дека немам ни стаж. Имајќи предвид дека ДКСК за мене никогаш немала поведено било каква постапка поврзана со примањата кои ги имам остварувано како обвинител во СЈО, како и дека сум дел од правосудниот систем од 2009 година, барав јавно извинување за ваквите клевети“, напиша Ристоска на „Фејсбук“.

РЕГИОН

Средношколците во Белград ќе протестираат пред Министерството за образование поради продолжувањето на учебната година

Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование попладнево поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на прекините на работата и блокадите, јави дописникот на МИА од Белград.

СВЕТ

Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел, го повика амбасадорот и ја осуди „монструозната“ воена ескалација во Газа

Велика Британија вчера ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел, го повика својот амбасадор и најави дополнителни санкции против доселениците на Западниот Брег, додека нејзиниот министер за надворешни работи ја осуди „монструозната“ воена ескалација во Газа, пишува Ројтерс.
Израелската војска минатата недела објави почеток на нова операција, а медицинските лица во Газа велат дека во израелските напади загинале повеќе од 500 луѓе во последните осум дена.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

Голема операција против меѓународна трговија со дрога доведе до апсење на 52 лица меѓу Италија и Албанија, пишуваат албанските медиуми. Вмешана и полицијата, а конфискувани се три милиони евра.

Во Косово денеска ниту по деветнаесеттиот обид, не се конституираше собранието, јавуваат косовските медиуми.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за стратешкиот договор со Велика Британија

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ