Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека уште 307 воени заробеници се вратени во Украина, јавува Телеграф.
„Уште 307 украински бранители се дома. Денес е вториот ден од размената од 1.000 за 1.000 што успеавме да ја договориме во Турција. Само за овие два дена, 697 лица се вратени дома. Очекуваме процесот да продолжи утре“, напиша Зеленски на социјалните медиуми.
„Меѓу оние што се вратија денес се војници од нашите вооружени сили, Државната гранична служба, Националната гарда на Украина“, додаде тој.