• Latest

Прв Самит ЕУ-Молдавија: Членство во Унијата и финансиска поддршка пред парламентарните избори во Молдавија

July 4, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прв Самит ЕУ-Молдавија: Членство во Унијата и финансиска поддршка пред парламентарните избори во Молдавија

July 4, 2025 12:32
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска престојуваат во Кишињев каде учествуваат на првиот Самит ЕУ-Молдавија, кој, според очекувањата на молдавските власти, треба да ги подигне меѓусебните односи на сосема ново ниво и „да ја признае стратешката важност“ на земјата за Унијата.

Главни теми на Самитот се процесот за зачленување на Молдавија во ЕУ, пристапот на молдавските компании до пазарот на Унијата и финансиската поддршка од Брисел за земјата, прашања кои се значајни за властите во Кишињев во пресрет на парламентарните избори оваа есен.

Клучни резултати од Самитот се очекува да бидат носењето одлуки за вклучување на земјата во политиката на ЕУ за роамингот и за исплата на средства за претфинансирање во рамките на Планот за раст на Молдавија, како и за реализација на инфраструктурни проекти.

Самитот се одржува во време кога пред Брисел се почесто се поставува прашањето за „раздвојување“ на Молдавија од Украина на нивниот европски пат. Иако ЕУ постојано ги нагласува индивидуалните заслуги како услов за напредок во пристапувањето кон блокот, Молдавија и Украина досега се третираа како „пакет“ во пристапниот процес, откако и двете добија кандидатски статус во 2022 година. Но, унгарските резерви кон приближувањето на Украина кон ЕУ и блокадата на стартот на нејзините пристапни преговори, се почесто го нагласува прашањето за раздвојување на европските патишта на Кишињев и Киев.

Се очекува на европските претставници на денешната средба да „дадат ветување“ за отворање преговорите по Кластерот 1 – „Основни вредности“, кој е поврзан со владеење на правото, реформите во судство и борба против корупцијата.

Според дипломатски извори, во првичната верзија на завршната декларација од денешниот Самит во Кишињев се говорело за отворање на сите шест кластери од преговарачкиот процес, но дека сепак во конечниот предложен документ се споменува само старт на преговорите по Кластерот 1.

Ваквиот пристап се оценува како показател на дилемите меѓу земјите од ЕУ околу брзината на пристапувањето на Молдавија кон блокот, но и на загриженост дека забрзувањето на европскиот пат на Кишињев би можело да остави впечаток дека Украина се останува на страна.

Кога станува збор за пристапниот процес, а особено на приближувањето на поранешните советски републики кон ЕУ, веднаш се нагласува и прашањето за обидите за руско мешање и влијание.

На тоа особено инсистираат актуелните проевропски власти во Кишињев на чело со претседателката Маја Санду, кои за време на референдумот за пристапување кон ЕУ и претседателските избори минатата година обвинуваа за нагласено руско мешање.

Во Кишињев стравуваат дека обидите за мешање на Москва и ширењето дезинформации дополнително ќе се засилат пред парламентарните избори закажани за 28 септември.

Од тие причини со Завршната декларација од Самитот се предвидува и „силна осуда на постојаните хибридни закани“ од Москва, кои вклучуваат од енергетска уцена, па до кампањи за дезинформации насочени кон дестабилизација на демократијата во Молдавија.

Во документот, исто така, ќе се повика и на повлекување на руските сили од сепаратистичкиот регион Придњестровје, со што, според дипломатски извори, Брисел сака да им покаже на молдавските граѓани, но и на оние кои се обидуваат да ги поткопаат демократските процеси во земјата дека „ЕУ е тука, дека ја подржува Молдавија и дека таа не е сама“, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ