• Latest

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Мицкоски размислува да ја реши демографската криза со воведување даноци за немажени и неженети лица

Говорејќи на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека демографската криза е еден од најголемите предизвици за Македонија и Европа. За надминување на овој проблем, како една од можните мерки тој рече дека се разгледува воведување дополнителни даноци за немажени и неженети лица.

Премиерот презентираше податоци според кои во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лице, што значи природниот прираст на населението е во негатива од 4.140 луѓе за само една година.

Тој предупреди дека трендовите на намален наталитет, зголемување на бројот на стари лица и масовно иселување водат кон сериозна демографска рецесија.

„Време е мајчинството да биде благослов, а не товар. Време е да изградиме институции кои ќе ја негуваат младоста и ќе ја враќаат надежта“, додаде премиерот, нагласувајќи дека борбата со демографската криза бара ангажман од целото општество, а не само од едно министерство.

Идејата за воведување данок за лица кои не се во брак е разгледувана и за време на претходни влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ кога на нејзино чело беше бегалецот од правдата Никола Груевски, но никогаш не била формализирана како конкретен законски предлог.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

-Сите оние вештачења кои се однесуваат за Кочани и кои се однесуваат за Онкологија веќе се изработени. Колку што имам информации за предметот Онкологија веќе е закажана главна расправа. Меѓутоа тие вештачења имаат одредени трошоци коишто се да речам вонредени трошоци имајќи во предвид дека се многу скапи со оглед дека се работи за вештачење во друга држава, рече Коцевски.

РЕГИОН

Петти ден блокади на протестите низ Србија, полицијата на улиците

Студентите во блокадата повикаа на „тотална блокада на Србија поради полициска бруталност“ еден ден претходно. Повикот следеше по полициските акции за време на кои речиси 80 студенти и антивладини демонстранти беа уапсени во неколку градови во ноќта помеѓу 2 и 3 јули.

СВЕТ

Конгресот го усвои „големиот, прекрасен закон“ на Трамп за намалување на даноците и трошоците

Конгресот на САД го усвои обемниот закон за даноци и трошоци на Доналд Трамп, што претставува значајна и тешка победа за претседателот и неговата домашна агенда, пренесува Би-би-си. По исцрпувачка седница на Капитол Хил, Претставничкиот дом го усвои законот со 218 гласови „за“ и 214 „против“ во четврток попладне. Тој беше одобрен во Сенатот во вторникот со само еден глас повеќе.

ФОРУМ

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Мицкоски ќе ги тера младите да се мажат и женат, и оро да играат. Ќе воведувал данок за ергените. Браво, оТличен пројек!!1 И не само данок, затворска казна треба да им воведе на сите полнолетни млади дечки и девојки што ќе избегнуваат задолжителен „брачен рок“!, пишува Дехран Муратов во колумната „Доста време ерген одев“!

*

„Одлична претстава, бравос, свака част мајсторе…ова секако доколку седите во некое кабаре и гледате како магионичарот става гулаби во шеширот, џирибу/џириба едно пуцкање со прстите и оп – гулабите ги снемува.

Така големиот магионичар Мицкоски, во манирот на најголемите илузионисти, направи да ги снема одеднаш македонскиот јазик и идентитет. Служејќи се со старите добри магионичарски трикови на свртување на вниманието на гледачот од вистинската акција, додека ја замајуваше публиката со приказни за новото модерно, пинџурот и други бла-бла-бла дребулии за да се „забавља“ народ, истовремено си буричкаше во шеширот и на публиката ѝ го извади извештајот од кој магично исчезнаа македонскиот јазик и идентитетот“, пишува Драган Мишев во колумната „Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ