• Latest
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига на Дубровничкиот форум 2025 (фото извор: Амбасада на Украина)

Сибига на Дубровничкиот форум: Инвестициите во одбранбената индустрија на Украина се инвестиции во колективната безбедност на нашите партнери

July 12, 2025
РУСКИ ТЕРОР | Кијив, 1 август 2026 година (фото извор: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Најмалку девет загинати во нов крвав напад врз Кијив, зад Украина е недела на интензивни удари со ракети и дронови

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026
Илустрација: ChatGPT / OpenAI, по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА.

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и вклучи глобален аларм

July 31, 2026

Пратениците прашуваа во Собранието, денес прашуваат граѓаните: Која е вашата порака до политичарите?

July 31, 2026

Ванчо Орданоски за инцидентот со Anthropic: Прашањето веќе не е дали ВИ може да хакира, туку кој ја контролира – државите одамна ја користат за сајбер-операции

July 31, 2026
Фото: Wikimedia commons

Подгорица ја усогласи визната политика со ЕУ, Русија предупредува на последици

July 31, 2026
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Нова иницијатива за Газа: Трамп најавува договор, но Израел и Хамас со спротивставени позиции

July 31, 2026
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

July 30, 2026

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сибига на Дубровничкиот форум: Инвестициите во одбранбената индустрија на Украина се инвестиции во колективната безбедност на нашите партнери

July 12, 2025 17:29
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига на Дубровничкиот форум 2025 (фото извор: Амбасада на Украина)

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига на Дубровничкиот форум 2025 (фото извор: Амбасада на Украина)

Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година, Дубровничкиот форум се одржува под мотото „Канализирање на промената“ (Challenging the Change), 11 и 12 јули. Овој значаен меѓународен форум на кој учествуваат бројни високи претставници од голем број држави во Европа и светот, претставува платформа на која се дискутираат најголемите геополитички прашања и системски предизвици што го обликуваат нашиот свет.

На Дубровничкиот форум се обрати и министерот за надворешни работи Андриј Сибига, кој истакна дека Украина е заинтересирана за завршување на војната и обновување на почитувањето на меѓународното право.

„Ние сме заинтересирани за завршување на војната и обновување на почитувањето на меѓународното право, територијалниот интегритет и суверенитетот на државите. Секоја земја, во кој било дел од светот, има потреба од таков принципиелен пристап“, рече министерот Сибига, меѓу другото.

Тој исто така рече дека инвестициите во одбранбената индустрија на Украина се инвестиции во колективната безбедност.

„Инвестициите во одбранбената индустрија на Украина се инвестиции во колективната безбедност на нашите партнери. Украина, со своето секојдневно борбено искуство и одбранбена индустрија, веќе денес дава придонес во оваа колективна безбедност“, рече шефот на украинската дипломатија.

Украинската амбасадорка Лариса Дир го цитираше министерот Сибига во својата објава на социјалната мрежа Х, почнувајќи ја својата објава на веќе познатиот начин – редниот број на денот од почетокот на целосната руска воена агресија против нејзината земја – ден 1235.

Ден 1235. Во рамки на Дубровник Форум 2025, Министерот за надворешни работи на Украина, г-дин Андриј Сибига, изјави: pic.twitter.com/gvLZ3aeFzj

— Larysa Dir (@dir_larysa) July 12, 2025

Значењето и концептот на Дубровничкиот форум

Во 2023 година, злокобна и за Европа и за остатокот од светот, главната тема на Форумот „Навигација низ глобалното преуредување“ (Navigating the Global Reshuffle) ги истражуваше влијанијата на руската агресија врз Украина и другите насилни конфликти врз постоечкиот глобален систем, како и оправданата загриженост поврзана со еднаквата интеграција на сите држави во глобалното донесување одлуки на поизбалансирана основа.

Една година подоцна, во 2024 година, насловот „Тешки теснеци и безбедни премини“ (Dire Straits and Safe Passages) ги одразуваше очекувањата од серија светски избори и од идната глобална соработка во новиот контекст.

Според концептот објавен на веб страницата на МНР на Хрватска, домаќин на настанот, насловот на овогодишната конференција „Канализирање на промената“ се надоврзува на претходниот дискурс. Таа потврдува дека меѓународната заедница останува во длабока неизвесност и зголемен ризик, дополнително усложнет од тековните војни и други конфликти во Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка.

Насловот ги опфаќа и новите почетоци, случувања и можности, поставени во движење и од новите политички лидерства кои ја преземаат власта од двете страни на Атлантикот, како и во други региони.

Затоа, овогодишниот Дубровничкиот форум ги истражува патиштата кон мир, достоинство и обнова во свет потресен од непријателства, превирања и забрзана трансформација. Навлегувајќи во клучното прашање: „Можеме ли да ја канализираме промената – така што 2025 година ќе стане година на надеж?

Ваквите фундаментални дискусии за мирот и човечкото достоинство треба да бидат отворени и плуралистички со разгледување на следното: Човечкиот ум, независен од културите и политичките услови, длабоко во себе знае дека постигнувањето мир и почитувањето на човечкото достоинство понекогаш значи превртување на логиката на светот, дека враќањето на довербата и вистинската промена во односите честопати значи преиспитување на досегашниот пристап, се вели во концептот на Дубровнички форум 2025.

Подготви: Џ. Д. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ