• Latest

Мариово е еколошки чисто, но и пусто!

April 5, 2017

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мариово е еколошки чисто, но и пусто!

April 5, 2017 15:44
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денот е сончев, пролетта срамежливо го најавува своето доаѓање. Симфонија на мириси на опојни тревки се вткаени во тишината и спокојот во прилепско Мариово. Дрвјата уште нерасцветани, ама Црна Река надојдена, мирно тече во своето корито. Стада овци пасат крај брегот од едната страна, а од другата, во малата викенд населба кај Расимбегов мост, на само 40-ина километри од Прилеп, неколкумина ги прават подготовките за денот. Едно семејство се подготвува за ручек, а во куќарката, сопственост на риболовното друштво „Мамец“, Кирил Николоски го вари утринското кафе.

„Ајде, бујрумте, приседнете, видете колку е убав денот. Воздухот чист, свеж, милина на душата. Затоа не сакам да си одам во градот, оваа убавина и спокојство не може да се најде во Прилеп. Само, тага ми е на душата, се празни Мариово, се пустоши, нема луѓе, нема подмладок, нема деца… Останаа само најстарите жители. Има многу пусти села, празни, без ниту еден жител, а има и такви, со по два-тројца жители. Ќе најдете и живо село, како Витолиште, по некои со по десетинина луѓе, како Пештани… Ама, сепак, живот нема, зашто во овие села живеат претежно стари луѓе и кога и тие ќе си заминат, тогаш ништо нема да остане“, вели Николоски, со тага во гласот.

Се присобраа и другите жители на оваа викенд населба и еден од гостите на трпезата на Николоски почна да свири гитара, а неговата сопруга да пее… Ечеа тоа утро звуците на „Мама Хуанита“, на многу староградски, подзаборавени песни…

„Ама, како да дојдат луѓе во Мариово кога нема превоз. Пат има, а превоз нема. Има жител од Витолиште, тој три пати неделно за свои потреби, доаѓа во градот и ги зема со возилото и оние што имаат потреба да одат во градот. Но, не е така. Некој ќе се разболи, некој сака да оди во посета кај пријатели, кај своите, блиските во градот… И за тага и за радост, а превоз нема. Разочарувачки е ова. Амбулантата пуста, школото празно – дете нема, еден доктор доаѓа од неодамна, ги посетува жителите и тоа е сѐ“, се жалат овие луѓе.

Пред десетина години, со пари од европските фондови е изграден пат до селото Манастир. Но, таму веќе нема ниту еден жител. Празно е и пусто. Куќите ѕидани од камен, со мали прозорци, останале со замандалени порти. Овде пајажините се сведоци дека во секоја одаја живеат само спомените од веселите денови во селото, кога ечел на сите страни детски џагор, кога се нижел тутун во секоја куќа, за селската слава со зурли и тапани сите излегувале на оро… А, денеска, крај селската чешка застануваат само намерниците, туристите чии движења ги посматраат будно селските кучиња.

„Доаѓаме во годината неколку пати, кога е убаво времето. Воздухот е чист, пријатно е, во пеколните лета овде е свежо. Водата многу е убава, студена, ја гасне жегата, ама празно е, и тоа е жално! Освен монасите во манастирот, овде не сме сретнале други жители“, велат намерниците што одлучиле тој ден да дојдат до селото Манастир.

А, пред да влезеш во селото, патот лево води до локацијата каде што требаше уште пред една деценија да се гради хидроцентралата Чебрен. Ветувањата дека овде ќе бидат отворени нови работни места, дека во Манастир ќе заживее т.н. Финско село, дека ќе биде реализирана ирско-американска инвестиција од 250 милиони евра, и дека две реномирани фирми ќе градат фабрика за целулозен етанол, пропаднаа… А со тоа, пропаднаа и 1.000 нови директни вработувања.

Во Мариово единствени инвестиции се во експлотацијата на минералите во неколкуте рудници, каде работат исклучително мал број граѓани, а бенефитот го имаат само концесионерите.

Ниту туризмот, ниту економија, ниту ловот и риболовот…, ништо не успеа во Мариово!

На локалните власти и на градоначалникот Марјан Ристески, по сите неуспешни најави, им остана уште можноста да позираат за време на велосипедските тури со велосипедистите од Македонија кои љубат планински бајкинг.

И тоа е сè.

Но, мариовци со тага и гнев велат: „Тие Прилеп го иселија, државата ја иселија…, па работата дошла до Мариово… Имаше ли навистина некој, што веруваше дека овде ќе има живот и напредок“.

Со овие песимистички пораки ја заокруживме нашата посета на Мариово.

На заминување, стигнавме и до руинираната куќа на писателот Стале Попов. Во Мариово впрочем сè е во духот на минатото, на регресот, на неуспехот…, на сагата за пропаста на животот во селата.

Моника Талеска

Tags: МариовоМарјан РистескиСтале ПоповФинско селоЦрна РекаЧебрен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ