ВЕСТ НА ДЕНОТ
Со 14 милијарди денари ќе се финансираат 828 инфраструктурни проекти во општините, потпишани договорите од вториот повик
Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
АнтиЕУ и политичка порака на митрополитот Агатангел: Поништете го Преспанскиот, запрете го договорот со Бугарија, Европа наместо прогрес ни нуди само потчинување
Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да се запре и секој договор со Бугарија што задира во нашето уставно уредување, во нашата култура и идентитет. Името ‘Македонија’ не е само име на држава – тоа е идентитет на народот кој живее во неа“, пишува митрополитот повардарски Агатангел во својата колумна за „Нова Македонија“.
РЕГИОН
Собранието на граѓани од Нови Сад го прогласи Вучиќ за персона нон грата – затоа што ги помилува „хероите“ на СНС кои тепаа студенти
Граѓаните на локалната заедница „Народни херои“ од Нови Сад го прогласија српскиот претседател Александар Вучиќ за персона нон грата – затоа што ги помилува „хероите“ на СНС кои тепаа студенти.
СВЕТ
УНИЦЕФ: Во Газа просечно 28 деца умираат дневно, за 21 месец убиени над 17.000 деца
„Во текот на изминатите 21 месец од војната, повеќе од 17.000 деца се наводно убиени, а 33.000 повредени во Газа. Просечно 28 деца се убиени секој ден, што е еквивалентно на цела училница“, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, пред Советот за безбедност.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали црквата има право да се меша во политиката?
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО
СЛОБОДНА ЗОНА
„Хармоникашот Јове – квази професор – на свои скоро 70 години и „обемен“ научен опус во областа на политиката, одбраната или безбедноста, допрва го открил поимот политички геноцид. Во „неговата“ божем автохтона дефиниција, набројувајќи елементи кои го прават таквиот геноцид, а притоа изгледа дека е несвесен за своето незнаење, па истото го покажува на јавна сцена.“, пишува проф. Оливер Андонов во колумната „Научното откритие“ на Кекеновски е операција со пошироки размери“.
Подготви: Д. Тахири