• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

„Научното откритие“ на Кекеновски е операција со пошироки размери

July 16, 2025

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Научното откритие“ на Кекеновски е операција со пошироки размери

July 16, 2025 20:29
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Хармоникашот Јове – квази професор – на свои скоро 70 години и „обемен“ научен опус во областа на политиката, одбраната или безбедноста,  допрва го открил поимот политички геноцид. Во „неговата“ божем автохтона дефиниција, набројувајќи елементи кои го прават таквиот геноцид, а притоа изгледа дека е несвесен за своето незнаење, па истото го покажува на јавна сцена.

О, жална Македонијо.

Тој не чул за термините од пред повеќе од 70 години воведени во науката. Не слушнал за Хана Аренд, за Јохан Галтунг и други кои одамна зборувале за етноцид, културоцид, за тоа како се дефинираат културни групи, етно класи, етнички групи, религиски малцинства, малцинства во ризик и слично.

И сега тој, како и другар му, божем професор Бунтур, ќе бидат изблик на незнаењето на Мицкоски и тенденцијата на раководството на нашето ВМРО-ДПМНЕ.

А со ова во јавност, замислете колку ќе ни се потсмеваат во научниот свет, оној сериозниот. Не ме изненадува што се амбицираат ова да го кренат и на ниво на квази научна дебата.

Да беше Јове научник и од областа на политиката, одбраната, меѓународните односи – сигурно ќе го сретнеше истражувањето на Универзитетот Мериленд и нивното истражување за Македонија (меѓу други земји), насловено како „Малцинства во Ризик“ организирано од Тед Роберт Гур и Барбара Харф. Исклучително истражување кое се докажа во 2001, иако беше јавно предупредување за македонските влади во деведесеттите години на минатиот век на што никој не реагираше. Јас го потврдив и предупредив на продолжена етно-политичка мобилизација во Македонија низ истражувањето за мојата Магистерска во 2007.

Исто така, Јове – божем професор – не слушнал за Копенхашката школа за безбедност, за Бери Бузан и Оле Вивер (со него 2013 имав еден час дијалог во Копенхаген на Воената академија на Данска) кои одамна, пред 20 години, тоа што денес ни го прави Мицкоски (со помош на вакви божемни научници) го утврдија и научно го дефинираа како СЕКУРИТИЗАЦИЈА.

Општествено-безбедносна мобилизација на еден народ (нација) околу измислен непријател или загрозеност заради остварување на политички цели на владејачката структура.

И за крај, Јове, мали се (помали од нас) и балтичките народи и Луксембуржаните и Андорците, оние од Сан Марино, Малтежаните, оние од Лихтенштајн и Црногорците, па Словенците (како нас) – па не се чувствуваат загрозени и не поставуваат и не отвораат глупави прашања, посебно доколку тие прашања се затворени пред 80 години. Иако балтичките народи се во директно соседство на Русија која гледаме како се однесува на меѓународната сцена, имаат големо руско малцинство, но не се чувствуваат загрозени и под „политички геноцид“ што би рекол „Емеритус“ Јове.

Ова е класично збрлавување и манипулирање со јавноста, со Македонецот и поигрување со чувствата на загрозеност и одредување непријател и тоа е СЕКУРИТИЗАЦИЈА на дело, пред наши очи, кога едно политичко прашање заради спас на политичката елита се подига на ниво на прашање на национална безбедност, на рамниште на опстанок на нацијата. Сеење магла, затоа што во нашиот случај сѐ е обратно.

Токму Мицкоски сака да ја уништи Македонија, со тоа што ќе ја остави надвор од современиот свет и европските процеси на развој.

Очигледно, се работи за операција – и тоа сериозна и со пошироки размери – поради што Македонија се злоупотребува како прокси држава. За ангажманот на Кекеновски, очигледно владата дала одобрение.

Дополнително што „потврдата“ од Белград ќе биде користена и тука, како потврда на „паметниот и научен“ предлог на Кекеновски.

Кекеновски, ниту е паметен, ниту е научник, иако формално е дел од академската фела и божем професор.

Тој, едноставно е само клиентелист кој за своите божем научни откритија во политиката ќе си ја добие договорената бизнис зделка со Мицкоски.

А вие драги мој сонародници Македонци аплаудирајте на 8 км автопат, недовршен, и палете се како чкорче на божем загрозениот наш македонски идентитет. Идентитетот сме ние и тоа што го носиме во нас, а не тоа што некој друг ќе ни го каже или Јове и другите како него ќе ни го  бранат преку измислување на псевдо-научни поими или копирање на веќе познати. Тоа е псевдо-наука и плагијаторство мотивирано од лични лукративни цели.

Кекеновски е очевиден пример за тоа во служба на антимакедонските интереси.


Текстот е личен став на Авторот.

Декларација за терминот „политички геноцид“

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ