• Latest

24 ЧАСА: Граѓанските иницијативи се „партизираат“ пред избори; Процесот на проширување – заштитен од билатерални блокади; Тајланд ја нападна Камбоџа; ЦИВИЛ со остра осуда на масовното изгладнување во Газа

July 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Граѓанските иницијативи се „партизираат“ пред избори; Процесот на проширување – заштитен од билатерални блокади; Тајланд ја нападна Камбоџа; ЦИВИЛ со остра осуда на масовното изгладнување во Газа

July 24, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори

Со здружување во заедничка формално регистрирана платформа, независните граѓански иницијативи ќе учествуваат на локалните избори.

Во оваа нова платформа веќе се вклучени иницијативите Шанса за Центар , Независни За Карпош – За Заштита На Карпош , Зелените Од Гази Баба , граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови, а остануваме отворени и за други иницијативи од целата држава“, стои во нивното соопштение…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Процесот на проширување треба да остане заштитен од билатерални блокади и ревизионистички наративи и е неопходно воспоставување ефективни европски механизми за воведување и мониторинг на европските стандарди и експертиза, особено во доменот на историските и билатерални прашања, со цел да се обезбеди правичност и предвидливост на патот кон членството, истакнал министерот за европски прашања Орхан Муртезани на средбата во Берлин со неговиот германски колега Гинтер Крихбаум.

РЕГИОН

Во шумски пожар во Турција загинаа 10 пожарникари и спасувачи

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 други беа повредени во среда додека се обидуваа да го локализираат шумскиот пожар во северозападна Турција, изјави турскиот министер за шумарство…

СВЕТ

Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели долж нивната долго спорна граница, ескалирајќи ги тензиите меѓу соседите од Југоисточна Азија. Камбоџа соопшти дека ќе „одговори решително“. Неколку часа претходно, тајландските и камбоџанските сили се судрија во повеќе области долж границата, при што загинаа најмалку осум лица во Тајланд…

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за учеството на граѓанските иницијативи на локалните избори?

Со здружување во заедничка формално регистрирана платформа, независните граѓански иницијативи ќе учествуваат на локалните избори.

Вашето мислење е важно!

Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ: Новото лице на геноцидот во Газа – МАСОВНО ИЗГЛАДНУВАЊЕ. Светот не смее да продолжи со молкот!

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организацијата за човекови права  изразува најдлабока осуда на масовното изгладнување во Газа, каде што населението веќе се наоѓа во петтата и најтешка фаза на акутна неухранетост (IPC Фаза 5 – „катастрофа“) според меѓународните проценки. Гладот повеќе не е закана – туку сурова реалност, со бројни регистрирани смртни случаи од глад, вклучително и деца. Геноцидот доби ново лице – МАСОВНО ИЗГЛАДНУВАЊЕ.  

АНАЛИЗИ

Претседателот Володимир Зеленски тврдеше дека целта на законот за демонтирање на антикорупциската инфраструктура на Украина е да се ограничи руското влијание. Сепак, законот усвоен и потпишан на 22 јули нема никаква врска со руското влијание. Неговите клаузули ги лишуваат антикорупциските агенции од нивната независност и нема ништо во законот што ги таргетира руските агенти во или надвор од агенциите, пишува новинарот на Кијив Индипендент, Олег Сухов во анализата  „Дали законот за демонтирање на независната антикорупциска инфраструктура на Украина има врска со руското влијание?“

СЛОБОДНА ЗОНА

Денес само повозрасниот  дел од  некогашните балкански „нации до отцепување“ што не успеа да замине,  а при тоа во вкупниот збир на години единките имаат број шест како почетен број, следат се што на вестите ќе кажат веќе искомпромитираните телевизии. Јасно е дека нивното место е во одбрана на интересите на транзициските тајкуни кои се плашат од било кое влијание од демократските системи. И со право се плашат. Во тој свет на владеење на законите и правната држава, нивната можност да „бизнисуваат“ е битно намалена, пишува Војо Маневски во колумната „Одбрана до последните денови на транзициските слуги“.

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ