• Latest
Фотографија: Скриншот DRM News

Битка за Дошница – сомнителни концесии за мали хидроцентрали и ефектот Грета Тунберг

July 29, 2025

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Битка за Дошница – сомнителни концесии за мали хидроцентрали и ефектот Грета Тунберг

July 29, 2025 15:32
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фотографија: Скриншот DRM News

Фотографија: Скриншот DRM News

Share on FacebookShare on Twitter

Од крајот на јуни 2025 година, локалните жители и еко-активисти започнаа долготрајна граѓанска блокада на патот кон Кожуф и реката Дошница, спречувајќи градежни машини да пристигнат до локацијата на планираните две мали хидроцентрали. Според нив, одлуката за изградба на хидроцентралите е направена без транспарентност и со концесии доделени во сомнителни околности.

“Нема да ви дозволиме да ги исечете вените на Кожуф,” е еден од слоганите на протестите, со кој граѓаните симболично укажуваат на штетноста од интервенциите врз природата. Граѓаните се жалат дека не биле информирани за проектот сè до дека не стигнале багерите.

Активистите предупредуваат дека проектот ќе ја деградира реката Дошница и загрозува ендемски видови (пчели, пастрмка, шумски видови) поради план да се префрлат води преку 20 км цевководи.

Мали хидроцентали во Дошница

Концесионерот за проектите на Дошница е компанијата „Хидро Дошница ДОО Скопје“, а проектот се поврзува со сопственикот на спортскиот центар „Спортлајф“, Ѓоко Стерјоски, кој е потенцијален инвеститор за двете мали хидроцентрали.

Концесиите биле доделени од општина Кавадарци во 2024 година, без јавни консултации и без транспарентност кон локалната заедница. Министерството за животна средина, според закон за малите хидроцентрали не бара студија за влијание врз животната средина, туку само елаборат, кој не вклучува јавност или експертски расправи.

Планираните хидроцентрали бараат ѕидови, цевки и пресушување на делови од реката, што сериозно се заканува на биодиверзитетот и ендемските видови како пастрмката и автохтоната медоносна пчела.

Во претходна фаза, државата потпиша 21 нов договор за мал објект (до 23 MW), со инвестиција од околу 40 милиони евра со инвестициски компании од Италија и Македонија. Сепак, високи интернационални тела, вклучувајќи ја Бернската конвенција, побараа повлекување на концесии во заштитени подрачја и укинување на искажани проекти, особено во заштитени подрачја како националниот парк Маврово.

Планината Кожув не е заштитено подрачје, добивање концесија е полесно, а како сопственост на државата, на Владата и е полесно да одобри изградба.  „Баров Дол“ и „Папрад“ се локациите на реката Дошница каде се планирани двете мали хидроцентрали.

Штетата која би ја предизвикале е немерлива, според екологистите, a голем дел од планината Кожув е дел од Emerald Network, дел од Бернската конвенција за заштита на дивиот свет и природните живеалишта во Европа. 

Грета Тунберг на протестите против уништувањето на Дошница

Присуството и улогата на Грета Тунберг, која ги поддржа блокадите и ги нарече „глобална битка за климатска правда“, по правило требаше да го интернационализира локалниот протест и да повика на солидарност и освестување за она што е круцијално за сите – зачувување и заштита на природа, а во случајот со Дошница е една од ретките подрачја во Европа каде водата е чиста и може да се пие.

Но, нејзината порака дека секоја локална борба е и глобална, дека моќта е во заедничката поддршка против властите, односно сите оние кои за профит ја уништуваат природата, за жал, помина и со негодување, а по социјалните мрежи и со говор на омраза.

Која е Грета Тунберг?

Грета Тунберг е шведска климатска активистка која започна со глобалната иницијатива „Fridays for Future“ уште на 15‑годишна возраст. Таа стана значаен глас во мобилизирањето на младите за климатските промени и екологија. Нејзината улога во светот на активизмот и борбата за климатски промени значително и во светски рамки се прошири по обраќањето, септември 2019 година, на Самитот на ООН за климатски активности во Њујорк.

Фотографија: Скриншот DRM News

На покана од локалните активисти и организации, Тунберг се приклучи на блокадите на Кожув. Таа ги повика властите да воспостават вистински дијалог со локалните заедници и да го стават јавниот интерес и еколошката одржливост пред економските интереси на поединци.

Одговор на институциите

По засиленото медиумско внимание и посетата на Тунберг, од Министерството за животна средина и просторно планирање излегоа со официјална изјава во која најавуваат „внимателна ревизија на постапките за издавање дозволи“ и повикуваат на смиреност и институционален дијалог, објавија медиумите.

Од министерството најавуваат отворање на  постапка за дополнителна еколошка ревизија на двата проекти и  дополнителни експертски мислења за потенцијалното влијание врз реката Дошница.

Од Владата, исто така, беше упатен повик до граѓаните „да се воздржат од блокади кои може да доведат до инциденти“ и се најави дека во наредните денови ќе се одржи средба со претставници на локалните заедници, еколошките организации и инвеститорите.

 Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ