• Latest

24 ЧАСА: Швајцарска помош од 7,5 милиони франци за комуналните претпријатија; Салиу со критика до медиумите – „не e фер да ме судат“; Украина ја зајакнува антикорупцијата

July 31, 2025
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Швајцарска помош од 7,5 милиони франци за комуналните претпријатија; Салиу со критика до медиумите – „не e фер да ме судат“; Украина ја зајакнува антикорупцијата

July 31, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Нова поддршка од Швајцарија во вредност од 7,5 милиони швајцарски франци за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата

Модернизација на водоводните мрежи, намалување на техничките и финансиските загуби, зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на перформансите на јавните комунални претпријатија, сето ова се клучни елементи за поодржлива инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните.

Вака денеска заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ги претстави целите од проектните активности вредни 7.5 милиони швајцарски франци, при потпишувањето на договорите за спроведување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“, што ќе се реализира во седум големи општини низ земјата.

Задоволство изрази и aмбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман. Таа, меѓу другото, рече дека треба да се разбере, дека водата ја нема во онаа количина, како досега.

– Многу треба внимателно да се работи со управувањето на водата, мора да има заедничка посветеност и да се споделува одговорноста, за да може да се намалат загубите на вода. Во овие предизвикувачки времиња за луѓето и животната средина, за економијата, не смее да се дозволи да се губи вода. Мора да биде третирана како посебно богатство, како посебна вредност. Без вода, нема живот, подвлече амбасадорката.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Министерот Салиу им се налути на новинарите: Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка

– Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка, бидејќи има една општа презумпција на невиност, истакна Салиу пред почетокот на настанот по повод одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот Холокауст – 2 Август.

РЕГИОН

Протести пред Собранието на Нови Сад поради иницијативата за споменик на жртвите од настрешницата кај железничката станица

Пред Собранието на Нови Сад од утрово се одржува протест поради фактот што на дневниот ред на седницата закажана за 31 јули, меѓу другото, беше и предлогот на градоначалникот Жарко Миќин за поставување споменик на жртвите на железничката станица во тој град.

СВЕТ

Врховната Рада го усвои законот за враќање на независноста на антикорупциските агенции NABU и SAP

Врховната Рада го одобри предлог-законот поднесен од претседателот Володимир Зеленски за враќање на независноста на Националното биро за борба против корупцијата (NABU) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (SAP), објави дописникот на Укринформ. Законодавната иницијатива бр. 13533 беше поддржана од 331 пратеник.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за измените во законот за полиција?

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ