• Latest
Фото: Скриншот од кривичната пријава против Ана Брнабиќ / Бујановачке.рс

Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“

August 6, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“

August 6, 2025 10:04
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Скриншот од кривичната пријава против Ана Брнабиќ / Бујановачке.рс

Фото: Скриншот од кривичната пријава против Ана Брнабиќ / Бујановачке.рс

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците на српското Собрание – Шаип Камбери, Ахмедин Шкријељ и Минела Календер поднесоа кривична пријава против претседателката на собранието Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“, јавија белградските медиуми, објави Бујановачке.рс, пренесува Данас.рс.

Пријавата следува по нејзината изјава во која, зборувајќи за протестите во Нови Пазар, таа, меѓу другото, рече:
„Го слушнавме извикот „Алаху Акбар“ и други одвратни работи“.

Порталот објави и копија од кривичната пријава со потписите на Камбери од Партијата за демократска акција, која ги собира Албанците од Бујановац, Прешево и Медвеѓа, и на Шкријељ и Календер, избрани пратеници од листата на СДА Санџак-Сулејман Угљанин.

Кривичната пријава е поднесена до Високото јавно обвинителство во Белград, според член 317 од Кривичниот законик на Србија, што се однесува на поттикнување омраза и нетолеранција врз основа на национална, верска и расна припадност.

Камбери истакна дека говорот на омраза не смее да остане само политичко прашање, туку, како што изјави, мора да се третира како прашање на законитост и правда.

Тој оцени дека реченицата на Брнабиќ „не претставува ниту лапсус ниту погрешно толкување, туку, како што изјави, „свесно таргетирање на муслиманската заедница и обид за ставање на религиозниот идентитет во негативен контекст“.

Според него, овој потег не е политичка одмазда, ниту сензационализам.

„Тоа е повик за правда и обид за воспоставување преседан – дека никој, дури ни претседателот на собранието, не може неказнето да шири говор на омраза“, рече Камбери.

Тој додаде дека правдата не е привилегија, туку штит за секој граѓанин, вклучително и оние кои, како што рече:

„Го изговараат „Алаху Акбар“ како израз на вера, а не насилство“.

„Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината и да се соочиме со јазикот што боли, дели и понижува“, додаде Камбери.

Д. Мишев

 

Tags: кривична пријава против Ана Брнабиќпратеници од српското Собрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ