• Latest
Илустрација ВИ

Викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

August 7, 2025
Од локални гласови до заеднички иднини - Демократски навигатор во Штип
Локални гласови, заеднички вредности (Фото ЦИВИЛ / 01.10.2025)

ЦИВИЛ во Штип: Дискусија за демократска отпорност и фер избори со граѓаните

October 2, 2025

Старт на локалните избори со општински долгови од 64,7 милиони евра

October 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

(ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

October 2, 2025
Фото: Фејсбук Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска – Давкова: Ни треба повеќе кантијанизам, наместо макијавелизам

October 2, 2025

ЦИВИЛ како дел од јавен настан вечерва во Рим ќе ја промовира книгата „Одбрана на демократијата и човековите права“

October 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Двајца мртви во напад врз синагога во Манчестер на Јом Кипур, се верува дека осомничениот е убиен

October 2, 2025

Шукова најавува БРТ линија, еко-автобуси, нов Луна парк и уреден Вардар, „Скопје Авантура“ за граѓаните

October 2, 2025

Османи ветува „чист Чаир“, Герасимовски нова градинка, Огненовски „економска Битола“, Лукровски стоп за бетон, Митовски ново срце за Гази Баба, Стојкоски пензионерски дом, а Митески нула деца на чекање

October 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мета наскоро ќе ги користи вашите разговори со нејзиниот АИ четбот за да ви продава работи

October 2, 2025
Фото: ДЗС

Ангелов во Хрватска: Разговори за сервис на ер трактори и размена на искуства во противпожарната заштита“

October 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

August 7, 2025 09:59
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Илустрација ВИ

Илустрација ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Според информациите од Собранието, во петок или во сабота ќе бидат распишани локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Според бројот на учесници, изборната администрација, вклучувајќи ги и вработените во Државната изборна комисија (ДИК), локалните избори се најголеми и најмасовни. Карактеристично исто така за овие избори е што дијаспората нема да може да гласа, а ако некој од македонските државјани сака да го искористи своето право тоа ќе може да го направи само доколку допатува во земјата.

ДИК, како што брифираат оттаму за МИА, со месеци наназад се подготвува за спроведување на овие осми локални избори во земјата. Веднаш по распишувањето на изборите во петок или во сабота, ДИК ќе одржи јавна седница на која согласно Изборниот законик ќе биде објавен календарот со сите рокови за избирачките дејствија, како и сите права и обврски за избирачките органи, учесниците на изборите и медиумите.

До крајот на месецот ДИК ќе го заврши случајниот избор на членовите на избирачките одбори од редот на администрацијата согласно податоците од Министерството за јавна администрација. За 3.500 избирачки места треба да бидат избрани 21.000 лица од администрацијата кои ќе бидат во избирачките одбори (ИО), кои во текот на септември ќе поминат комплетна обука за спроведување на изборите и ќе им бидат поделени прирачници. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Вреди, како партии односно коалиција со најголем број гласови на минатите избори, во септември, согласно роковникот, треба да номинираат 14.000 членови за избирачките одбори. Составот на избирачките одбори се менува бидејќи на нивните членови им е истечен мандатот.

Општинските изборни комисии (ОИК), пак, чиј мандат трае уште една година, согласно Изборниот законик, имаат важна улога на локалните избори, бидејќи тие ги примаат кандидатските листи и ги потврдуваат, а потоа и одлучуваат по евентуални жалби, како и за приговорите за лично избирачко право.

Еден од поважните рокови и изборни дејствија е увидот во Избирачкиот список (ИС), кој започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае дваесет дена. Ова е период во кој избирачите со право на глас, односно оние со наполнети 18 години, ќе можат да ги проверат своите податоци во ИС и доколку имаат забелешки и барања за корекции да ги допстават до ДИК електронски или до подрачните канцеларии на Комисијата. Избирачите можат и сега да го сторат тоа, но ажурираниот Избирачки список за локалните избори до ДИК ќе биде доставен набрзо по распишувањето на изборите односно следната недела.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025, кој е веќе објавен, изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи. Од ДИК за МИА велат дека се направат напори по сите основи да се рационализира за да се намалат трошоците.

Политичките партии и коалициите, како и други граѓани најавија учество на изборите. Дел од кандидатите веќе и се познати на јавноста и тие се меѓу граѓаните, се претставуваат на социјалните мрежи, во телевизиски и медиумски емисии. Некои од независните кандидати на минатите избори се обидуваат да регистрираат политички субјекти за да може полесно да се вклучат на изборите.

Од ДИК коментираат дека не може да стане збор за прерано почната кампања на кандидатите бидејќи реално се уште нема кандидати за изборите. Кандидатурите односно листите согласно Изборниот законик се потврдуваат 30 дена пред изборите, а кампањата почнува 20 дена пред тоа.

Во однос на тоа кои политички партии можат да учествуваат на изборите, од ДИК упатуваат на законските одредби, како за субјектите така и за кандидатите. Условот за партиите е да се регистрирани, а потврдата, што треба кај нив да ја достават, да не е биде постара од шест месеци.

За изборот на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), велат дека мислење треба да даде самата ДКСК и упатуваат на членот 8а од Изборниот законик.

Согласно членот 8а од Изборниот законик, меѓудругото, е превидено исто така дека не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Од распишувањето на изборите Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Две недели, пак, по распишување на изборите Министерството поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесувањето на извештајот кој се објавува на нивната веб страница.

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите, пишува МИА. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ