• Latest

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025 15:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола вчера извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар, како и во службените простории во средно училиште кои ги користел, информираат од МВР.

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, од МВР посочуваат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе биде известена јавноста.

-На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар. Исто така, со судска наредба, во периодот од 20:45 до 21:30 часот бил извршен претрес и во службените простории во средно училиште кои ги користи М.Л, се вели во соопштението од МВР.

Претходно Обвинителствотo информираше дека поради сомненија за кривично дело – Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар од Основното јавно обвинителство Битола побарало издавање Наредба за претреси на три локации – службени простории на училиштето, дом и автомобил на пријавено лице.

-Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да се издаде наредбата со цел обезбедување предмети од кривично дело. Судот ја ценеше основаноста и го прифати барањето за претрес, по што ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршило претрес на трите локации, а за претресите и евентуално пронајдени и одземени предмети се уште нема доставено официјално писмено известување до обвинителството. Законската процедура за обезбедување наредба за претрес на дом и други простории е во целост испочитувана. Спроведувањето на наредбата е во надлежност на полициските службеници. Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице во конкретниот случај, информираат до Обвинителство.

На социјалните медиуми беше објавено видео од претресот извшрен синоќа во семејната куќа на Маја Лозановска, директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, со судска наредба под сомненија за кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ