Партиите на Тројката (СДП БиХ, Народ и правда и Наша странка) денеска ќе се сретнат со амбасадорите на земјите од Квинта во зградата на Парламентарното собрание на БиХ во Сараево во 14 часот.
Состанокот беше организиран откако руската амбасада во Босна и Херцеговина реагираше на пресудата на Милорад Додик, осуден на една година затвор и шест години забрана за политичка активност на 7 август. Руските коментари содржеа закани, што предизвика остри реакции од властите во Босна и Херцеговина, пишуваат регионалните медиуми.
На 8 август, министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, испрати писмо до земјите од Квинта и меѓународните партнери, предупредувајќи на безбедносни закани од Русија. Додик беше наречен „посредник на Русија“ во дестабилизацијата на Босна и Херцеговина, а Русија беше обвинета за поддршка на сепаратистичките аспирации и блокирање на евроатлантските интеграции.
Конаковиќ особено ги нагласи заканите на рускиот амбасадор во Сараево како обид за мешање во внатрешните работи на Босна и Херцеговина. Писмо е испратено и до генералниот секретар на САД, Марко Рубио.
Д. Т.