• Latest
Илустрација: ВИ

„Независни заедно“ и ЗХГ бараат потписи за политичка платформа поради правен вакуум и покрај укинувањето на Правилникот за собирање потписи на независните кандидати

August 11, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

„Независни заедно“ и ЗХГ бараат потписи за политичка платформа поради правен вакуум и покрај укинувањето на Правилникот за собирање потписи на независните кандидати

August 11, 2025 16:03
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Илустрација: ВИ

Илустрација: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Независните кандидати апелираат до граѓаните да дадат потписи и да им помогнат да формираат политички партии, бидејќи, според нив, тоа во моментов е единствениот сигурен начин граѓанските претставници да можат да учествуваат на локалните избори во октомври годинава. Советниците во Советот на Град Скопје од Зелен хуман град (ЗХГ) велат дека однесувањето на институциите создава правна несигурност, откако долго време не се дефинираше постапката за учество на независните кандидати, а Државната изборна комисија (ДИК) на последната седница го стави вон сила Правилникот за собирање потписи за независни кандидатури.

Потписи за заедничка политичка платформа „Независни заедно“, собираат и три здруженија на граѓани кои имаа советници во општински совети: Независни за Карпош, Шанса за Центар и Зелените од Гази Баба. Од таму велат дека се свесни дека неизвесноста останува заради што продолжуват со собирање потписи за формирање на политичката платформа.

ДИК во меѓувреме донесе одлука дека на независните кандидати нема да им требаат потписи за да учествуваат за локалните избори. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека еден од заклучоците усвоени на седницата на ДИК бил да се стави надвор од сила Правилникот на ДИК за регулирање на постапката за собирање потписи, што е во согласност со одлуката на Уставниот суд со која се укинаа членовите од Изборниот законик со кои се зголемија квотите на граѓански потписи кои требаше да ги соберат независните кандидати за градоначалници и листи за советници за учество на изборите.

„Не се работи за одлука на ДИК, туку за директна примена на законот. Упатството се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со кој се укинати членовите 61 и 62 на Изборниот законик за собирањето потписи, односно за процентот и бројот на потребни потписи за кандидирање на листи“, изјави Кондарко.

Од ЗХГ, пак се незадоволни бидејќи сметаат дека на тој начин не постои законски регулирана можност со која на независните кандидати ќе им се гарантира правото на излегување на избори, заради што остануваат на опцијата да формираат партија. Горјан Јовановски, советник на ЗХГ во Градот Скопје, вели дека независните кандидати веќе имале средба со ДИК пред еден месец, кога Кондарко ги информирал дека тие немаат право да го толкуваат законот и дека ќе чекаат автентично толкување од Собранието, за разлика од последната изјава, кога иако нема автентично толкување од Собранието, тој тврди дека делуваат во согласност со одлуката на Уставниот суд.

„Апелираме до сите државјани на Македонија уште поагилно да се вклучат и да ни помогнат што побрзо да ги собереме тие минимум 1.000 потписи за да основаме партија. Во моментов единствено партијата како механизам е законски уреден начин за излегување на изборите кој важи еднакво за сите и не може да биде побиен ниту оспорен од ниедна институција на државата“, велат од ЗХГ.

Додаваат дека во историјата на земјата нема партија која била формирана од долгогодишни волонтери, што според нив е клучната причина зошто партиите ја изигруваат довербата на граѓаните секојпат кога ќе им биде дадена.

„Независни заедно“ најавуваат дека нема да бидат партија како останатите, туку дека се платформа за соработка и за слушање на гласот на граѓаните, за решенија што доаѓаат од нивните предлози, бидејќи граѓаните најдобро знаат кои се проблемите и предизвиците во општините во коишто живеат, заради што промената секогаш треба да дојде од нив.

„Во моментов неизвесноста останува, доколку во Собранието се усвојат предложените неуставни измени, ДИК ќе мора да ги спроведе. Значи можно да се промени тоа што беше кажано деновиве. Знаејќи со се што се соочивме досега, ние сме подготвени дека се можни најразлични сценарија. Заради тоа во моментов ги разгледуваме сите опции и продолжуваме со собирање потписи“, посочуваат од „Независни Заедно“.

Поддршката за независните кандидати може да се направи со пополнување изјава кај нотар, заедно со уверение за државјанство, не постаро од шест месеци, кое може да се извади и онлајн. Со оглед на тоа дека се формираат две политички опции, секој граѓанин ќе треба да одлучи за која ќе го даде својот потпис, пишува МЕТА. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ