• Latest
Протести во Србија
Фото извор- скриншот од видео на Н1

Србија: Ескалација на протестите во неколку градови, меѓу повредените има и полицајци, Вучиќ вели спречиле граѓанска војна

August 14, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Србија: Ескалација на протестите во неколку градови, меѓу повредените има и полицајци, Вучиќ вели спречиле граѓанска војна

August 14, 2025 09:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Протести во Србија
Фото извор- скриншот од видео на Н1

Протести во Србија Фото извор- скриншот од видео на Н1

Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија се случија насилни судири за време на протестите против претседателот Александар Вучиќ. Судири избувнаа во бројни поголеми и помали градови меѓу демонстрантите, полицијата и поддржувачите на Вучиќ, објавија српски регионални медиуми.

Во среда вечерта во Србија избувнаа насилни судири за време на протестите против владата на претседателот Александар Вучиќ. Во бројни градови, поголеми и помали, демонстрантите се судрија со полицијата и поддржувачите на Вучиќ.

Ескалацијата на протестите, кои траат девет месеци, дојде откако поддржувачите на СНС физички ги нападнаа демонстрантите во Војводина, Врбас и Бачка Паланка во вторник, а полицијата не реагираше.

Како одговор, во среда беа организирани протести на 30 места, со маршеви насочени кон седиштето на СНС. Таму, демонстрантите беа пречекани од полициски кордони и поддржувачи на партијата, пишува ДВ. 

Повеќето инциденти се случија во Нови Сад, но и во Белград. Помирно беше во Ниш, Панчево, Крушевац, Чачак, Крагуевац, Смедерево, Ужице, Лазаревац. И на многу други места.

Во Белград и Нови Сад, поддржувачите на Српската напредна партија испукаа пиротехнички средства кон демонстрантите, кои потоа делумно возвратија. Во Нови Сад, полицијата употреби солзавец, а во текот на ноќта беа запалени и просториите на СНС.

Во Белград, полицијата во полна опрема ги спречи демонстрантите да се приближат до зона во парк во близина на зградата на парламентот каде што поддржувачите на Вучиќ кампуваат од март.

На други места во Белград, демонстрантите се судрија со полицијата, која им спречи пристап до локалните простории на СНС.

На прес-конференција доцна во среда, Вучиќ рече дека 16 полицајци и 64 поддржувачи на СНС се повредени само во Нови Сад. Вучиќ ги опиша демонстрантите како „бандити и убијци“ и рече дека Белград и Нови Сад сега ќе бидат „исчистени“ од нив.

Тој изјави дека потегот имал за цел да спречи „граѓанска војна“ и им се заблагодари на своите поддржувачи, „прекрасни обични луѓе“ кои, како што рече, го заштитиле седиштето на партијата „од лудите блокадери“.

Тој, исто така, ги обвини неидентификувани странски сили за организирање на немирите и вети апсења. „Лицата кои го прекршиле законот ќе бидат уапсени… Вечерва спречивме катастрофално сценарио планирано од некој од странство“, рече Вучиќ.

Опозициското движење „Крени-Промени“ соопшти дека поддржувачите на Вучиќ се одговорни за судирите. „Нападите врз луѓе со пиротехнички средства го нарушуваат нивното право на живот и протест“, се вели во соопштението.

Протестите, кои траат повеќе од девет месеци, избувнаа по уривањето на новореновираниот покрив над пероните на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, во кој загинаа 16 лица.

Д. Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ