• Latest

(РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

August 18, 2025

„Политико“: Молдавија би можела да ја престигне Украина на патот кон ЕУ

August 18, 2025
Фотографија: Скриншот

Додик официјално веќе не е претседател на Република Српска

August 18, 2025

Македонската фарса на ветувањата

August 18, 2025

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Протечена снимка открива како поранешниот шеф на израелската воена разузнавачка служба вели дека смртта на 50.000 Палестинци во Газа е „неопходна“

August 18, 2025

Новиот премиер на Република Српска ќе биде неуставен ако го предложи Милорад Додик

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео споделено од Игор Сушко на Х

(ВИДЕО) Руската пропаганда, само неколку дена по самитот Трамп-Путин, споделува видео од американско оклопно возило со руски и американски знамиња во напад на украинските позиции

August 18, 2025
Трамп и украинскиот претседател Зеленски во Овалната соба, 28 февруари 2025 година. Фото: Скриншот од ЈуТјуб каналот на The White house

Разговорите во Вашингтон би можеле да се покажат како поважни за иднината на Украина од самитот Трамп-Путин

August 18, 2025
Фотографија: ВИ

Предизборна и изборна кампања – што е што во изборен контекст

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Н1

Газени, претепани, заплашувани: Сведоштва од протестите во Нови Сад и Белград за N1

August 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

(РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

Овој текст е објавен на 1 март годинава по средбата на Претседателот на Украина во Овалната соба. Сметам дека треба да се потсетиме на тој неславен момент за американската администрација. Иако многу текстови излегоа од тогаш, сметам дека треба да го понудам на препрочитување овој текст, затоа што е илустрација за тоа како изгледа кога кукавиците ќе се сретнат со херои. Во овој момент на борбата за слобода, изборот на Америка (и светот) е помеѓу демократијата или покорување кон тиранијата.

August 18, 2025 12:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Трамп: Да ја немавте нашата воена опрема, оваа војна би завршила за две недели…

Зеленски: За три дена. Го слушнав тоа од Путин. За три дена.

Денеска, Трамп и неговиот заменик длабоко се понижија себе си и Америка. Тотален срам! Ова не беше првпат, и нема да биде последен. Меѓутоа, Зеленски останува херој – за Украина, за Америка која сака слобода и за светот кој сака слобода.

(моја објава на социјалните мрежи, Скопје, 28 февруари 2025)

Објавено на 1 март 2025, ЦИВИЛ МЕДИА

Трамп и неговиот потпретседател, Џ.Д. Венс, се обидоа да го понижат храбриот лидер на Украина за време на нивната средба во Белата куќа. Светот гледаше со неверување. Беше тоа ужасна манифестација на ароганцијата и игнорантство кон лидер кој се бори за опстанокот на својата земја. Нивната врска со Путин не е само срамна, туку и исклучително опасна. Трамп и Венс прегазија преку сите можни мерила за пристојност, а и да не говориме за почитувањето на демократските вредности, слободата и правдата. Нивната очигледна сервилна поддршка и восхит за авторитаризмот, агресијата и воените злосторства се колку загрижувачки, толку и одвратни.

Со третирањето на долгогодишниот сојузник со такво непријателство, тие јасно сигнализираа дека се подготвени да поддржат еден диктатор како што е Путин, што е тотално предавство. Нема потреба да се каже, самото по себе е разбирливо дека ова нерационално однесување на двајцата највисоки лидери на САД го ослабува глобалниот статус на Америка, го дестабилизира сојузништвото и ја загрозува безбедноста на демократскиот свет.

И, секако, како што се очекуваше, ноќта, веднаш по овој неславен настан, Русија го интензивираше својот ракетен терор врз Украина. Мапата за предупредување од воздушни напади покажа дека скоро половина од земјата беше под закана од напад од дронови и ракети.

Во остар контраст со срамното однесување на Трамп и Венс, лидерите ширум Европа и светот покажаа итна, јасна и непоколеблива поддршка за Зеленски и Украина. Поддршката дојде од целиот политички спектар, без разлика дали се од центарот, левицата или десницата. Нивниот горд став докажува дека одбраната на демократијата ги надминува партиско-политичките граници. И, ваквото лидерство, без сомнение, ги охрабрува надежите на луѓето кои ја сакаат слободата, каде и да се – Европа, Канада или било каде во светот.

Претседателот Зеленски им заблагодари и цитираше низ голем број изјави од европските и светските лидери на социјалните медиуми, кои изразија своја решителна и силна поддршка преку јасни и директни пораки. Великодушен и грациозен, претседателот Зеленски исто така ја изрази својата благодарност и до американскиот народ, дури и до претседателот на САД, веднаш по заминувањето од Белата куќа (каде што се случи овој немил настан), без да го потпише договорот за минерали наметнат од Трамп, што е изнудувачки, рекетарски и колонијален чин.

Сега…

Сега е време за американскиот народ да преземе одговорност. Без разлика на политичката припадност – републиканци или демократи, конзервативци или прогресивци – Американците мора да застанат зад основните вредности на нивната нација: слобода, демократија и правда. Срамното изневерување на Украина и опасната врска со Путин и други авторитарни фигури и тирани мора да застане тука.

Ако не биде сопрена, агресијата на Русија ќе се вгнезди длабоко во американското општество – не преку воена агресија, туку преку измама, поларизација и потчинување. Путинова Русија се заканува да ја покори големата американска нација без да испука ниту еден куршум, на сметка на американскиот народ и суштината, духот на слободниот свет.

Борбата за демократија е борба за Украина – и не само за Украина. Од првиот ден, тоа е борба за одбрана на слободниот свет… за одбрана од целосен и срамен пораз на целиот свет. Ова е време за дејствување. Запомнете го ова: секој од нас, без разлика на тоа колку мислиме дека сме мали, без разлика каде живееме, сите имаме шанса, но и обврска да ги одбраниме демократијата, слободата и правдата – темелот на човештината.

Кажано е безброј пати, и треба да се памети: Претседателот Зеленски и украинскиот народ се борат не само за својата татковина, туку и за идеалите на слободата и правдата кои го дефинираат демократскиот свет. Нивната отпорност, стоицизам и херојство во борбата против агресијата и тиранијата се светилник на надежта за сите што ја сакаат слободата.

Америка и слободниот свет стојат исправени пред својата последна шанса – не смеат да ја изневерат оваа борба. Поддршката за Украина е поддршка за самата демократија. Сега е време да се осуди и одбие кукавичлукот, да се одбие додворувањето и да се отфрлат сите што сакаат да ја трампаат слободата со покорување и профити.

Сакам да испратам порака до претседателот Зеленски и украинската нација: Вашата борба е праведна, вашата кауза е чесна, и не сте сами. Светот гледа и историјата памети. Правдата ќе победи. Нација која не потклекнува е непобедлива. Нација која се бори за својата слобода секогаш ќе победи.


Текстот е личен став на Авторот.

Академски гласови, пропагандно ехо: Како интелектуалците на Балканот шират проруски наративи

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ