• Latest

Препукување на релација ДУИ – ВЛЕН кој е поголем Србин

August 20, 2025

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Препукување на релација ДУИ – ВЛЕН кој е поголем Србин

August 20, 2025 11:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Двата најголеми репрезенти на Албанците во Северна Македонија, ДУИ и ВЛЕН секојдневно се препукуваат преку мдиумите по најразлични основи. Едно од омилените теми на меѓусобно обвинување е  кој е поголем промотор на „српскиот свет“ меѓу Албанците во Македонија. Ваквата комуникација дополнително се заострува и добива на интензитет во пресрет на локалните избори.

Истата матрица продолжува и со последното соопштение, кое двете партии речиси истовремено го испратија до медиумите.

Во соопштението од ДУИ се вели дека ВЛЕН во изборната програма за 2024 година вети основање на Албанска банка со доминантен албански капитал, како гаранција за економско зајакнување на Албанците и рамномерен регионален развој. Денес, наместо да го исполни ова ветување, како слуга на ВМРО, ВРЕДИ ги отвори вратите за навлегување на „Српскиот свет“ во банкарскиот сектор на Северна Македонија преку „Алта банка“.

Ова не е обична финансиска инвестиција, туку директен политички и економски проект на Белград за преземање контрола врз стратешките институции на државата. Банката не е само приватна компанија – таа е механизам за политичко влијание, перење капитал и создавање економска зависност на земјата од интересите на Србија, наведува ДУИ во соопштението.

Според нив, фактите се јасни:
• Поставувањето на Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на ВМРО, на чело на банката е резултат на личното лобирање на Мицкоски кај Вучиќ.
• Професионалците од финансискиот сектор предупредија за ризикот по угледот на државата пред ЕУ и меѓународните институции – владата и безбедносните институции молчат.
• Претседателката и нејзиниот кабинет го релативизираат проблемот, претставувајќи го како „нормална“ инвестиција, иако сите знаат дека се работи за политички инструмент на „Српскиот свет“.

Наместо да гарантираат албански капитал и рамномерен економски развој како што ветија, ВЛЕН и нивните партнери го предаваат банкарскиот сектор – срцето на економијата – во рацете на Белград.

Ова не е економско прашање, туку прашање на национална безбедност. Српска банка значи српско влијание врз кредитите, бизнисите и финансиското одлучување во земјата. Тоа значи контрола на стратешките сектори и слабеење на евроатлантската ориентација, сметат од ДУИ.

Од најголемата албанска опозициска партија тврдат дека ВЛЕН лаже на секој чекор:
• Ветија албанска банка, донесоа српска банка.
• Ветија европска интеграција, донесоа „Српски свет“ и руско влијание.
• Ветија независно одлучување, донесоа зависност од Вучиќ и Белград.

ДУИ повторно нагласува дека Северна Македонија не смее и не треба да дозволи банкарскиот сектор и стратешките институции да бидат преземени од дестабилизирачките интереси на Белград. Финансискиот интегритет и евроатлантската ориентација не се предмет на преговори. Молкот е соучесништво.

Октомври доаѓа – и тој ќе биде народен референдум за да се каже „Не“ на ЛАГИТЕ, „Не“ на зависноста од Белград и „Да“ за достоинствено, чесно и резултатно претставување, велат од ДУИ.

Од друга страна, од ВЛЕН сметаат дека ДУИ е алатка на Белград и промотор на српскиот капитал во Македонија.

Во соопштението испратено до медиумите , од ВЛЕН велат дека ДУИ одамна престана да биде партија што ги штити интересите на Албанците во Македонија. Под нејзино водство, земјата беше преплавена со сомнителен српски и црногорски капитал, отворајќи го патот за опасно економско и политичко влијание од Белград. Во јули 2021 година, кога Бујар Османи беше министер за надворешни работи, додека клучните економски ресори, како што се економијата и финансиите, беа во рацете на луѓе блиски до Али Ахмети, ДУИ даде зелено светло на српската компанија МТЕЛ да влезе на нашиот пазар. Без нивно одобрение, оваа компанија немаше да добие никаква лиценца, .

Истата влада, под влијание на ДУИ, дозволи српскиот и црногорскиот организиран криминал да влезе во индустријата на казината во Македонија. Од три доделени лиценци, две завршија во рацете на сомнителни компании од Србија и Црна Гора. Денес, кога ДУИ лицемерно зборува за опасноста од српскиот капитал, граѓаните треба да се сетат дека тие беа оние што ги отворија вратите и го донесоа овој мрачен капитал во земјата. Документирани се најмалку 11 средби на Бујар Османи со српски функционери, додека нема средба со претставници од Косово. Како престседавач на ОБСЕ, неговата политика беше во согласност со интересите на Белград, а на штета на Приштина. Ова е јасен факт дека ДУИ не ги претставува албанските национални интереси, туку дејствува како алатка на српската дипломатија, се наведува во соопштението на ВЛЕН

Во 2025 година, ДУИ отворено се обидува да ја дестабилизира државата, водејќи политика на уцени и блокади. Оваа стратегија служи само на Србија и сериозно ја загрозува евроатлантската ориентација на Македонија, тврдат од ВЛЕН.

Од коалициониот партнер во влдата на Мицкоски нагласуваат дека ДУИ е партија која го продаде достоинството на Албанците за лични и клански интереси. Тие го донесоа „српскиот свет“ во срцето на земјата, го воведоа МТЕЛ, дозволија пенетрација на српските подземни структури во локалните казина и, преку Бујар Османи, работеа за Белград и против Косово.

Но, граѓаните сега ја разбраа вистината. ДУИ повеќе не е обединувачка сила за развој, туку партнер на српската политика која има за цел да ја ослабне и дестабилизира Македонија.

ВЛЕН ќе продолжи јасно и гласно да застанува против оваа антидржавна агенда, бескомпромисно бранејќи ги евроатлантските вредности и националните интереси на Албанците во Македонија, стои во соопштението на ВЛЕН.

М. Д.

Tags: ВЛЕНДУИпрепукување преку соопштенија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ