• Latest
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025 14:24
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фотографија: МИА

Фотографија: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Септември ќе биде последниот работен месец за пратениците пред кампањата за локалните избори, до кога треба да се заокружат сите закони што пристигнале во процедура. Собранието во септември ќе заседава двапати – на 2 и на 12 септември, за да се донесат сите закони кои пристигнале во процедура пред почетокот на кампањата за локалните избори. Ова денеска го најави собранискиот спикер Африм Гаши на редовниот понеделнички брифинг со новинарите.

-На 2 и 12 септември ќе се одржат две пленарни седници. На седницата на 12 септември е предвидено да се одржат и пратенички прашања. Уште не се потпишани решенијата, но начелно така разговаравме. Идејата е да завршиме што побргу, да не нѐ фати предизборната кампања. Има традиција секогаш во предизборие да нема седници или комисиски расправи. Законите што се стигнати до денеска, ги поделивме во две седници, за да можеме да ги поминеме во прво и второ читање. Повеќето се во прво читање во редовна постапка. Идејата ни е да имаме време комисиски да завршиме. До 12 септември да работиме максимално за да ги завршиме сите закони и да ги донесеме. Можно е и оваа недела да има комисиски расправи за закони кои ќе бидат на пленарната седница на 2 септември, рече Гаши.

Тој најави и дека предложил Собранието на седницата на 12 септември да усвои Декларација за фер и демократски избори.

-Јас предложив една Декларација за фер и демократски избори. Им ја доставив денеска на сите пратенички групи. Им реков да ја видат, да ја прочитаат, да видиме дали имаат забелешки. Идејата е да ја донесеме сите заедно, да се потпишеме сите координатори на пратеничките групи и јас како претседател и да ја донесеме на седницата свикана за на 12 септември. Мислам дека тоа ќе биде добра и позитивна порака до граѓаните од сите политички актери дека се обврзале на фер и демократски избори. Јас им ја дадов денеска да ја видат, ќе чекам фидбек дали ќе се согласат сите, дали ќе има одредена забелешка. Инаку Декларацијата е со општи термини. Ако се потпишат сите координатори на пратеничките групи, на седницата на 12 септември ќе биде ставена на дневен ред. Декларацијата е со општи теми. Повикуваме на фер и демократски избори, сите актери да се обврзат да се придружуваат до законите за да има фер и демократски избори. Штом ќе се договориме за текстот, пред да биде донесена, ќе ја пуштиме до вас медиумите за да ја видите, рече тој.

Гаши нагласи дека со Декларацијата како Собрание ќе испратат посилна порака и до граѓаните и до сите политички актери.

-Мислам дека за првпат се работи за ваква Декларација. Јас ја видов, хронологијата на декларациите. Мислам дека е побитно ако испратиме порака од страна на Собранието, отколку кога политичките партии одат во ДИК и ги потпишуваат. Пораката ќе биде посилна, пообврзувачка, кога ќе се донесе на пленарна седница. Мислам дека сите ќе бидеме поодговорни ако во Собрание ја донесеме. Една интенција плус, намера плус да дадеме тежина на тие демократски избори, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има сознанија за некаква тајна соработка меѓу СДСМ и ДУИ за изборите, Гаши истакна дека проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се прашање на живот или смрт.

-Нема информации за некаков таков договор меѓу СДСМ и ДУИ. Такви информации не дојдоа до мене. Проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се последни, како да се за живот или смрт. Локални избори треба да бидат за тоа што градоначалниците треба да понудат. Ние имаме многу проблеми во комунална сфера и кандидатите треба да се насочат кон комуналната сфера, потенцира Гаши.

Најави дека нема да има нов обид за изгласување на измените на Изборниот законик.

-Од никого немаше таква најава. На избори ќе одат со потписи. Ќе гледаме, во меѓувреме ако оваа недела има разговори. Но, немаше најава од ниту еден од координаторите дека ќе има нов обид. Имаше обид заеднички да донесеме, имаше најава во координација со сите политички партии. Прекршната точка дали да ја свикаме седницата или не беше тоа што ако не ја свикавме седницата тоа ќе значеше дека Собранието не пробало да го донесе тоа и требаше да се знае кој го блокира тоа. Сакавме да ги искористиме сите можности и последната шанса да се донесе тоа. Се почитуваат сите правила на игри. Тој Изборен законик што го имаме, со тој ќе одиме на избори, изјави спикерот.

Гаши потенцира дека целата интенција на Собранието е пратениците да не се вклучат во изборната кампања во законодавниот дом, туку да се дискутира и да работат околу законите.

-Тоа е повикот. Интенцијата е да завршиме што побргу, а не да навлеземе во изборната кампања со донесувањето на закони. Пораката е јасна и со Декларацијата, тоа ќе биде еден вид печат дека Собранието останува надвор од изборната кампања. Идејата ние да не се вовлечеме во избори, рече тој.

Гаши нагласи дека новиот Предлог-закон за игрите на среќа уште не е стигнат до Собрание, но потенцира дека доколку стигне деновиве ќе биде ставен на дневен ред на едната од двете свикани пленарни седници. За Законот за локална самоуправа потенцира дека доколку има најави дека ќе има консензус, веднаш ќе закаже пленарна седница. Посочи дека доколку се донесе тој закон, сепак ќе важи за следните локални избори.

Гаши истакна дека нема многу закони заглавени поради немање на Бадентерово мнозинство. Меѓу нив, посочи, е и изборот на Народниот правобранител.

-Не знам дали ќе се смени кандидатот за Народен правобранител кој помина на собраниската Комисија за именувања и изборите. Сепак, е работа на Комисијата за именувања и изборите и тие ќе треба преку претставниците на политичките партии да ја отворат дилемата дали не се договараат околу името или работата е концептуална затоа што сакат да покажат дека некој има некое мнозинство. Како држава, мислам дека треба да избереме Народен правобранител  ден претходно, што побргу е подобро за сите нас. Затоа треба на Комисијата да се договараат за друго име, ако името е проблем. Но, не мислам дека треба да се инсистира на едно име кога сакаме консензуално да се договориме за Народен правобранител. Сепак, таа институција е многу битна за државата и за изборите, рече тој.

Во однос на најавената реконструкција на Владата по локалните избори, Гаши потенцира дека тоа се води на ниво на лидерите на коалициските партнери и оти нема информации.

-Не сум разговарал со премиерот за реконструкцијата. Не е моја работа да разговарам околу тоа. Тоа треба да се води на ниво на лидерите на коалициските партнери. Како што знаете, јас не сум веќе дел од тие разговори. Штом премиерот и Владата поднесат предлог до Собрание за свикување на седница за нови предлози за министри, јас како што се предвидени роковите во Деловникот веднаш ќе ја свикам седницата. А во политичкиот дел кој ќе биде сменет, немам информации. Не сум повикан да ги знам, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ