• Latest
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025 10:58
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Фотгорафија: Независни заедно

Фотгорафија: Независни заедно

Share on FacebookShare on Twitter

„Независни заедно“ денеска на прес-конференција го промовираа професорот и декан на Градежниот факултет при УКИМ Горан Марковски за независен кандидат за Градоначалник на Скопје за Локалните избори 2025.

Марковски кажа дека Скопје се гуши, тоне во смет и дека бара шанса како никогаш досега. Главниот град, според него, бара јасна визија за својот развој, кохезија, одговорност и компетентност.

– Потполно сум свесен во какво општество живееме, дека се уште нашето опкружување е обременето со партиско огромно делување, но исто така убеден сум дека без граѓанска иницијатива,  без лична независност ниту можеме да имем добра демократија, ниту здрави институции, ниту квалитетен град, рече Марковски.

Спотред него, тажно е и крајно поразително, на средина од првата половина на 21 век наместо да зборуваме за високо ниво на дигитализација, примена на вештачка интелегенција, зелени агенди, современи видови сообраќај, паметни згради, за нулта смртност на нашите улици ние сме принудиени да зборуваме за гол опрстанок. – Но тоа нема да ме депримира, ќе ми даде дополнителна енергија која што треба да се внесе меѓу граѓаните на нашето Скопје. Особено помеѓу младите, онаа наша општествена светлина која што е единствениот преостанат елемент од она што го прави системот околу нас. За жал, преостанатите три елементи земјата водата и воздухот Скопје веќе ги нема, рече Марковски, кој се претстави пред Камениот мост во Скопје за кој вели дека е симбол на повзрување.

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Марковски рече дека еден од главните приоритети за Скопје е справување со загадувањето, како и дека конкретни решенија рече дека ќе ги соопшти за време на изборната кампања.

-Досегашната негрижа за загадувањето на Скопје, за проблемот со водоснабдување малку им помага на кандидатите кои можат веднаш да кажат кои се главните приоритетите на Скопје. Ние, за жал, немаме можност да говориме за некои високи приоритети. Ние треба да зборуваме за опстанок. Значи загадувањето на Скопје е проблем број е еден и тема број еден што треба да се реши. Но, не декларативно. Тоа е разлика помеѓу инжињерите и другите. Инжињерите имаат задача и чуствуваат одговорност проблемите да ги решат, не само да ги детектираат. Значи ние решаваме проблеми, рече Марковски.

Од „Независни заедно“ порачаа дека професор Марковски е личност со докажан професионален интегритет и долгогодишно искуство, кој зад себе има голем број реализирани проекти и генерации воспитани инженери. „Време е Скопје да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот,“ велат од платформата.

„Независни заедно“ е широка граѓанска платформа која ги обединува независните советници и локални иницијативи од неколку скопски општини-„Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. Покрај град Скопје, платформата веќе објави дека нивна кандидатка за градоначалник на општина Центар е Билјана Ивановска, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ