• Latest

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025 14:25
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека во однос на коалициите, во првиот круг на локалните избори СДСМ ќе настапи со сегашната коалиција, а во однос вториот круг од изборите рече дека ќе разговараат и со другите партии во албанскиот блок.

Претседателот на СДСМ најави дека до крајот на оваа недела или на почетокот на следната ќе бидат објавени имињата на преостанатите кандидати за градоначалници за локалните избори 2025, како и дека во следниот период ќе бидат презентирани програмите на нивните кандидати.

Изрази жалење што, како што кажа, владејачката коалицијата не направила ништо да собере мнозинство во Парламентот да се изгласа Изборниот законик.

– Власта не се обиде да го собере Бадинтеровото мнозинство. Ние помогнавме, го прифативме предлогот да се намали бројот на потребни потписи за пријавување на кандидатурите од 1% што го укина Уставниот суд, на 0,5%, што мислиме дека е фер и дека добро го регулира тој простор, рече Филипче.

На прашањето дали независните кандидатури може да повлечат нивни гласови на изборите, Филипче не одговори, но посочи дека лично ја поддржува волјата на независните и на граѓаните да кандидираат свои кандидати.

– Сметам дека со тоа се зголемува можноста за избор на граѓаните и сметам дека треба да има кандидати. А ние, нормално, ќе се бориме со целиот наш демократски капацитет и со сите демократски инструменти за да ја добиеме довербата на граѓаните, потенцира Филипче.

СДСМ на локалните избори, според него, ќе води позитивна кампања. – Ние нема да се спуштиме на тоа ниво. Ќе водиме добра, позитивна кампања. Ќе ги промовираме нашите кандидати и нашите добри политики. Ќе бидеме генерално фокусирани на локалните теми, но ќе се задржиме и на дел од централните теми, бидејќи сметаме дека е важно луѓето да знаат за кого гласаат, истакна Филипче.

Тој кажа дека не се точни изјавите дека неговата партија заедно со ДУИ подготвува дестабилизација и хаос за локалните избори. Такво сценарио, рече Филипче, ниту има, ниту размислуваме да има. Според него, СДСМ е фокусирана на демократски механизми против власта.

-Ги слушаме тие обвинувања од премиерот подолг временски период наназад дека СДСМ заедно со ДУИ и не знам со кој подготвува некакви сценарија за дестабилизација. Ништо од тоа не е вистина. Досега требаше да се случи некаква дестабилизација бидејќи тој за тоа обвинува подолг временски период, не само сега. И тоа е нешто што му е потребно, едноставно нема со што да се пофали, нема никаква добра политика. Гледате што се случува во економијата, има поделби, изјави Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција во партијата.

Ветувања на ВМРО-ДПМНЕ од 2024 година, според него, останале неисполнети. – Подобри услови за преговори со Европа, но тоа не се случи. Албанија и Црна Гора не претекнаа, додека стандардот во Македонија стагнира, рече тој на прес-конференцијата.

За фотографијата на која се гледа дека одмора заедно со поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев на јахта во Грција, а од друга страна обвинува за намалување на стандардот за живеење, Филипче рече дека и тоа како има легитимитет и кредибилитет да зборува за ова прашање поради тоа што цел живот работи за граѓаните. – Прво како доктор со пациенти, а понатаму како министер кога сум се борел за сите граѓани, и за стандардот на здравствените работници, рече Филипче посочувајќи дека платите биле зголемени на здравствените работници најавувајќи дека ќе продолжи да се бори за стандардот на граѓаните.

Обвини дека подолго време против него е присутен систем за пропаганда и тоа дека имал куќа во Нерези, дека има подарок џип, зграда и авоикомпанија во Дубаи. Тоа, рече Филипче, не е вистина и жали што ВМРО-ДПМНЕ развива таков систем.

-Сметам дека тоа веќе не е само политички феномен, туку веќе е општествен феномен и дека станува збор за луѓе коишто го креираат тој наратив со цел нивото на политичка и јавна комуникација да го сведат под елементарното цивилизациско ниво. Едноставно сакаат да ве однесат во калта и тука да се борите, ама јас тоа нема да го дозволам. Сите тие работи, апсолутно не се вистина, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ рече дека не се консултира со Заев за политички прашања. – Зоран Заев веќе не се занимава со политика. Моите одлуки тука политички ги градиме заедно со раководството, рече Филипче на прес-конференцијата во седиштето на партијата, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ