На вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, членовите на партијата донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата.
Кандидати за градоначалници се: Оливера Ливриниќ во Бутел, во Велес Маја Хеско, Миле Атанасов во Гевгелија, Дејан Глиџарски во Делчево, Лазар Петров во Демир Капија, Благој Илиев во Конче, за Кратово Влатко Сипровски, во Кривогаштани Игор Каравиловски, Ивица Стојковски за Македонски брод, во Ранковце Даниел Крстевски и Старо Нагоричане за Далибор Трајковски.
Како што велат од партијата, со ова СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините.