• Latest
Фото: МИА

ЕУ останува поделена какви санкции да воведе за Израел поради војната во Газа

August 30, 2025

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ останува поделена какви санкции да воведе за Израел поради војната во Газа

August 30, 2025 11:49
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија останува поделена околу тоа како да реагира на катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа и какви мерки да преземе против Израел, утврдено е на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

Европската комисија предложи суспендирање на финансирањето за истражувања на израелските компании откако внатрешна ревизија на ЕУ заклучи дека акциите на Израел во разурнатата територија го прекршуваат договорот меѓу ЕУ и Израел, кој ги обврзува двете страни да ги почитуваат човековите права.

Германија е меѓу земјите што го блокираат напредокот на мерката, јави ДПА. Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, нагласи дека Берлин засега не е подготвен да го поддржи предлогот за санкции.

Планираната мерка веројатно нема да има никакво влијание врз политичкото одлучување и воените дејствија на Израел во Појасот Газа, рече Вадефул. Затоа Германија не е убедена во предлогот, рече тој.

Министерот нагласи дека Германија наместо тоа, ги ограничува испораките на оружје за Израел.

„Верувам дека ова е многу насочена мерка која е многу важна и многу неопходна“, рече тој.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, рече дека „не е многу оптимистка“ дека ќе има консензус за тоа како да се реагира на војната во Газа, бидејќи „прилично попустливиот“ предлог што таа го дала за суспендирање на финансирањето за истражување не успеал да го добие потребното мнозинство.

Плановите би требало да бидат одобрени со т.н. квалификувано мнозинство, што значи од најмалку 15 од 27-те земји-членки на ЕУ кои претставуваат најмалку 65 проценти од населението на блокот. Ова ѝ дава големо влијание на Германија, која е најголема земја во ЕУ со население од 83,5 милиони.

– Кога сме поделени, немаме обединет глас. Ако немате обединет глас, тогаш на оваа тема немаме глас на глобалната сцена, додаде таа.

Додека некои земји на ЕУ, како Германија и Австрија, остануваат претпазливи околу поддржувањето на санкциите, неколку други земји, вклучувајќи ги Данска, Шпанија и Ирска, се залагаат за построг став.

– Сега мораме да ги претвориме зборовите во дела, рече данскиот министер за надворешни работи, Ларс Расмусен, кој е домаќин на состанокот.

– Го сметаме Израел за пријател, а израелскиот народ за пријател. Но, имаме проблем со актуелната влада, додаде тој.

Данска е подготвена да ја ограничи трговијата со Израел, да воведе забрана за производи од израелските населби на Западниот Брег или да воведе санкции за израелските министри, рече Расмусен.

Тој сепак призна дека постигнувањето консензус за овие мерки „веројатно не е остварливо“, додавајќи дека проблемот на ЕУ е што „бавниот брод во конвојот ја одредува брзината“, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ