Денес се навршуваат 10 месеци од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица. Групите ги повикаа граѓаните да се соберат и да оддадат пошит со 16 минутно молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата, пренесува N1.
По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги поканија граѓаните да се соберат во кампусот на Универзитетот во Нови Сад.
Студентите, кои исто така беа во зградата на ФСФВ, го напуштија факултетот малку по 11 часот.
Тие добија потврда од деканот Патрик Дрид дека студентите на ФСФВ можат слободно да влегуваат и излегуваат од него. Дрид им кажал дека факултетот мора да се дезинфицира, бидејќи тоа не било направено за време на блокадата.
Средба на деканот и студентите ќе се одржи во петок во 12 часот. Откако студентката го објавила тоа преку мегафон на толпата, по кратко време била пуштена назад во факултетот.
Репортерката на N1 известува дека полицијата нема да им дозволи на студентите на Медицинскиот факултет да влезат во ДИФ за да му помогнат на некој што се разболел во зградата. Тие сметаат дека е преголем ризик.
Во Белград, студентите и учениците во блокадата најавија комеморативна прошетка вечерва во 18:30 часот.
Д. Мишев